Реклама
Наши ѕвезди

Од 100 денари во џебот, до Мерџо од 100.000 евра – погледнете го новиот „ѕвер“ на Стефан Лазаров

Стефан Лазаров се почести со нов автомобил

Реклама

Нека му е со среќа и со здравче да си го вози …

Најпознатиот јутубер во Македонија, Стефaн Лазаров, неодамна ги извести своите фанови дека купува нов автомобил.

Познатиот јутубер денес објави и видео од својот нов луксузен автомобил кој во продавница чини околу 100.000 евра,

Маркетинг

Од видеото на Јутјуб како и од неговиот профил на Инстаграм можеме да видиме дека станува збор за Мерцедес.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутуб, Лазаров

Познато е дека Лазаров е голем фан на убави коли, па сега реши да го замени стариот автомобил и да се почести со Mерцедес. Тој заедно со сопругата Марта беа во салонот да го земат автомобилот и целиот настан го снимаа и видеото веднаш го објавија на Јутјуб.

„Мене ми е сон за кола“, вели познатиот јутубер кога прв пат влезе во луксузниот автомобил во салонот.

Фото: Принтскрин/ Јутуб, Лазаров

Стефан претходно возеше Ауди, а откако го купи новиот „ѕвер“ на четири тркала и се пофали со него на социјалните мрежи, неговиот пријател и колега Мандар, му честиташе со следниве зборови:

„Кога почнав да го дружам мисиров, бевме пропаднати со 100 денари у џеб. Разликата меѓу нас беше што мене ништо повеќе не ми се работеше после доживеаното разочарување и срушениот сон со војската.
Ова кучево клекнато што го гледате, успеа да ме натера да почнам да правам нешто во животот и ете дојдов до негде. Затоа сметам дека Господ ми го стаи на пат човеков, за да станам човек“.

Фото: Инстаграм

„Е сега кога направив нешто од себе, останува пак да се огледам на Стефан и да се мотивирам за уште поголем успех, затоа што Стефан ви е класичен пример на „Zero to Hero“. А најмерак од сé ми е, сега кога му го гледате успехот, тие што к*њате и ви кисне у ш*пчето.

Фото: Принтскрин/ Јутуб, Лазаров

П.С.

Фатете нешто работете, не тука со тоа јутјубот да се клошарите“, пишува Мандар во својата објава и додаде:

„Со здравје да си го возиш Мерцедесот Брат и продолжи да бодеш очи“, му порача Мандар на Лазаров на Инстаграм.

Фото: Принтскрин/ Јутуб, Лазаров

Видеото со Стефан како се вози во новиот автомобил погледнете го на крајот од галеријата што следува…

Фото: Принтскрин/ Јутуб, Лазаров

Фото: Принтскрин/ Јутуб, Лазаров

Фото: Принтскрин/ Јутуб, Лазаров

Фото: Принтскрин/ Јутуб, Лазаров

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button