Реклама
Вирално

Од зимата ни траг ни глас – температурите и оваа недела ќе бидат над очекувањата, а еве и кога посериозно ќе „истури“

Реклама

Највисока дневна во јужниот дел од земјава и до 19 степени

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи денес се очекува да биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено до претпладневните часови. Попладнето облачноста ќе се намали и ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Маркетинг

Во Скопје утринската температура од 9 до 15 степени Целзусови, со максимална дневна од 19 степени во јужниот дел од земјава .

Во вторник повторно се очекува променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а слична прогноза не очекува и во следните денови, односно до петок.

Маркетинг

Имено, под влијание на влажни бранови, во наредните денови се очекува времето да биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со променлив интензитет.

Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон среда и во среда, особено во југоисточните делови.

По котлините и натаму ќе има појава на магла.

Сепак, и покрај променливото време, ова се релативно високи температури за овој период од годината, а слични температури не очекуваат до крајот на месецот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button