Реклама
Рецепти

Одлична идејата за ручек – крем супа од тикви и ѓумир

Реклама

Вкусна супа која нема да може да престанете да ја јадете.

Ако сакате убава топла супа што ќе го загрее вашето срце, душа и тело ви препорачуваме да го пробате овој одличен рецепт. Во прашање е уште една креместа супа, која многу лесно се готви, и од која дефинитивно не постои подобра.

Маркетинг

Супата од тиква не мора да биде резервирана само за есенската сезона, иако тогаш тиквите се највкусни. Но за среќа, постојат оранжерии, па и супермаркети каде што без проблем можете да најдете квалитетна тиква за здрав и хранлив оброк. Ако во неа додадете малку ѓумбир и кари, ќе добиете комбинација од која ќе се воодушевите. Таа е идеална за предјадење за ручек или за топла и лесна вечера.

Состојки

1,5 кг тиква
2 компири
1 главица кромид
1,5 литри бујон од зеленчук
2 лажички ѓумбир, свежо рендан
1/2 лажичка кари
2 лажички сушен или свеж магдонос
1 1/2 лажичка масло
0,5 л вода

Маркетинг

Подготовка

Од тиквата извадете го семето, излупете ја кората и исечете на коцки со големина од 1,5 × 1,5 сантиметри. Излупете го компирот и исецкајте го на коцки како и тиквата. Ако немате домашен бујон од зеленчук, направете го од бујон во коцка. Кромидот исечете го на коцки и подинстајте на масло. Додадете 1/2 литар од бујонот, почекајте малку да проврие и додадете ја сецканата тиква и компирот, и прелијте со останатиот бујон. Додадете вода колку што е потребно, така што нивото на течноста да е на исто ниво со состојките. оставете да се вари на среден оган додека тиквата и компирот целосно не омекнат. Потоа тргнете ги од огнот и измешајте со рачен блендер додека не добиете хомогена смеса. Ставете свежо изрендан ѓумбир и уште малку промашејта со блендерот.

Вратете повторно на оган, додадете кари во прав и сецкан магдонос, промешајте и оставете уште еднаш кратко да зоврие. Ако ви се чини дека е премногу густа додадете малку вода додека не добиете задоволителна густина.

Фото: Unplash

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button