Реклама
Вирално

Овој град станува ново најголемо жариште на коронавирусот на планетава

Реклама

Градот Њујорк е новиот епицентар на заразата со коронавирусот, зошто тука се регистрирани третина од позитивните во САД, а вирусот се шири пет пати побрзо отколку во другите делови од земјата.

Еден од илјада жители на пошироката територија на градот веќе е заразен, јави координаторката на Работната група за борба против коронавирусот д-р Дебора Брикс.

Густинатата на населението е еден од најголемите проблеми на градот во овој момент, пишува ЊујоркТајмс, додавајќи дека сега процентот на заразени е поголем отколку во Италија.

Маркетинг

Причината е градскиот превоз и гужвите во него, исклучително посетените јавни паркови и згради кои изгледаат како кошници.

Гувернерот на државата Њујорк Ендру Куомо им нареди на болниците веднаш да ги зголемат капацитетите за прием на заразени за 50 отсто.

Маркетинг

Само во понеделникот се пријавени нови 5.000 случаи со што бројот на заразените се подигна на 21.689 во поширокиот регион додека во самиот град има 13.119.

Од Ковид – 19 во градот синоќа починаа 125 лица.

Претседателот на САД Доналд Трамп нареди испраќање на голем контингент средства за заштита од коронавирусот (маски, ракавици, дезинфекциони средства) и најави дека научните лаборатории во Њујорк забрзано ќе работат на изнајдување решенија.

Тој искажа оптимизам во поглед на ефикасноста на комбинацијата од лекот за маларија и антибиотици која се покажа како најуспешна на други места во светот.

Градоначалникот Бил де Блазио ги затвори сите училишта во Њујорк на 15 март после многу притисок, а сега изјави дека не треба да се очекува дека учениците и студентите ќе се вратат во зградите пред 20 април.

Организирана е онлајн настава.

Засега нема ограничување на движењето на жителите на територијата на градот, но на сите им се советува да останат во своите домови.

Рестораните и баровите не примаат гости, туку само доставуваат храна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button