Реклама
Новости

Ова никогаш не се случило: Близначки се родија на различен ден и различна година

Реклама

Еден пар од Тексас има двојна причина за славење откако им се родија близначиња кои на свет дојдоа во различини денови и во различна година.

ФОТО: Принтскрин

37-годишната Кали Џо Скот од Дентон ја родила својата прва ќерка Ени Џо во 23:55 часот. на 31 декември. Тоа било последното бебе во Тексас што се родило на новогодишната ноќ во здравствената презвитеријанска болница Дентон во 2022 година.

Само шест минути подоцна, сестрата на Ени Џо, Ефи Роуз, се родила во 12:01 часот на 1 јануари, со што стана првото новороденче во болницата во 2023 година.

„Го обожавам ова. Сметам дека е пресмешно и супер забавно“ – изјави мајката.
Кали и нејзиниот сопруг, Клиф Скот, првично мислеа дека и двете ќерки ќе се родат во новата година поради терминот за породување.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Таа требала да направи царски рез на 11 јануари, но била хоспитализирана поради крвниот притисок по прегледот на 29 декември.

Тогаш за првпат им паднало на памет дека нивните близнаци можеби ќе бидат новогодишни бебиња.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Доцна вечерта на новогодишната ноќ нејзините лекари донеле одлука да и го направат царскиот рез две недели порано, што довело до различни родендени на близначките.

Ени и Ефи се родија здрави и живи и секоја одделно тежеше по 2 ипол килограми.

ФОТО: Принтскрин

Родителите биле возбудени што нивните ќерки ќе имаат различни родендени, бидејќи ретки се близнаците кои ја имаат таа можност.

„Секогаш сакате да се потрудите тие да имаат свој индивидуален карактер и да направите да знаат дека се посебни и уникатни. Така, ова се додава како плус на таа посебност и уникатност што некои близнаци можеби не ја добиваат“ – велат среќните родители.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button