Реклама
Вирално

Ова е најважниот текст за короната кој вреди да се прочита: Дали е време да го вратиме нормалниот начин на животот?

Реклама

Дали владите и медиумите претеруваат кога е во прашање коронавирусот и дали е време да продолжиме понатаму и да се вратиме кон нормалниот живот, прашува Би Би Си. Тоа се сериозни прашања, а ако се земе во предвид состојбата во која се наоѓа економијата, вреди да им се посвети внимание, пишува уредникот за медицински теми Фергус Волш.

На социјалните мрежи се почесто можат да се пронајдат ставови дека ковид-19 е готов и дека едноставно треба да престанеме со него да се занимаваме.

Маркетинг

Бројот на mртвите и тешко болните продолжува да опаѓа. Бројот на хоспитализираните пациенти исто така опаѓа и тоа со месеци, како и на оние на респиратори.

Постојат неколку начини на кои се бројат сmртните случаи поврзани со ковид-19 и секој од нив покажува дека после април, кога беше врвот на nочинати, дојде до значителен пад.

Маркетинг

Ако гледаме само на оние кои nочинале во 28 дена откако се позитивни на коронавирус, бројот паѓа за 99 отсто, од речиси 1.000 на ден до помалку од 10.

Од друга страна, од рак на простата просечно уmираат 30 мажи, а од рак на дојка 30 жени. Ниту еден од овие два податоци не може да се слушне на телевизија, за разлика од статистиката за бројот на заразени и nочинати од коронавирус.

Вистина, бројот на новозаразени од коронавирус расте веќе неколку месеци, но тоа може да се објасни и со зголемениот број тестирања.

Од почетокот на јули, бројот на тестови двојно се зголеми, а повеќе тестови значи и повеќе позитивни случаи.

Она што е важно е дека не дошло до зголемување на бројот на заразени кои морале во болница.

Исто така, во споредба со почетокот на епидемијата кога жртвите биле стари, сега се заразуваат многу помлади луѓе кои се помалку погодени, рече за Би Би Си професорот Карл Хенеген од Оксфорд.

Освен тоа, додаде и дека вирусот сега многу помалку циркулира зошто луѓето се придржуваат кон мерките за физичка дистанца.

Лицата мои ќе се заразат и завршат во болница имаат многу повеќе шанси да преживеат, а сега и лекарите знаат подобро да се борат со вирусот.

Глобално гледајќи, ковид-19 влијаеше на светот. Од короната nочина над 800.000 луѓе, а заразени се над 25 милиони.

Туберкулозата годишно уbива главно во земјите во развој околу 1,5 милиони луѓе. Од неа заболуваат главно сиромашните и лошо исхранетите луѓе кои имаат слаб имунолошки систем. А често е поврзана и со ХИВ. За разлика од ковид-19, може да се лекува со антибиотици, иако доаѓа до загрижувачка отпорност на лекот.

Да се вратиме на прашањето дали е време за враќање во нормалниот живот.

Ако тоа значи дали децата ќе се вратат на училиште, тогаш одговорот е да. Доказите упатуваат дека децата имаат помали шанси да добијат коронавирус, а ускратувањето на образованието може значително да им наштети.

Што е со нас останатите? Нема сомнеж дека ковид-19 може да предизвика тешка клиничка слика.

Покрај тоа, дури сега почнуваме да осознаваме кои се потенцијално долгорочните последици од оваа болест. Колку е некој постар, толку ризикот е поголем.

Иако 70-годишен триатлонец може да биде физички поздрав од 40-годишен маж, статистиката покажува дека 80-годишните мажи имаат 500 пати повеќе шанси да умрат од корона од 20-годишните. Исто така, далеку сме од тоа дека можеме да кажеме дека сме ја совладале короната.

Она што сите не интересира е што ќе се случи на есен.

Иако ситуацијата колку толку е добра, летото се уште трае, а респираторните вируси во текот на летните месеци не циркулираат во толкав обем. Многу време поминуваме надвор и поголемо мнозинство од нас се придржува до мерките за физичко дистанцирање, што го намалува ширењето на вирусот кој и натаму е тука.

Следните месеци ќе бидат клучни за разбирање на трансмисијата кога ќе можеме да видиме дали таа повторно ќе се зголеми по враќањето на децата на училиште и вработените на своите работни места.

„Знаеме дека на северната хемисфера зимата е период кога респираторните вируси се враќаат. Така ова се уште не е завршено и работите би можеле да станат многу полоши, рече за Би Би Си вирологот Венди Барклеј од Империјал колеџот во Лондон.

Уште сега постојат загрижувачки знаци кои може да се видат во Франција каде се зголемува бројот на само на новозаразените, туку и болести поврзани со заразата.

Во Велика Британија, тамошниот министер за здравство Мат Хенкок ги предупреди луѓето дека короната не е готова.

„Вирусот се уште циркулира и ако не бидеме внимателни, бројките ќе скокнат“, рече тој и оцени дека треба да го следиме “шведскиот модел“ каде никогаш не беше воведен полициски час, а училиштата останаа отворени.

„Не е дека тие не направија ништо. Тие се сконцентрираа на општествената одговорна колективна акција. Тоа значи дека рестораните останаа отворени, но луѓето применуваа пропишана физичка дистанца и многу строго и свесно се придржуваа кон она што беше побарано од нив“, рече министерот Хенкок.

Корисно е да се знае колку луѓе досега развиле имунитет на вирусот САРС-КоВ-2. Можно е еден од 10 луѓе да имаат развиено антитела.

Но тука е и улогата на одбранбените Т-клетки на кои основна задача им е да ги пронајдат и убијат патогените или заразените клетки.

„Се појавуваат докази дека некои од интерните протеини за четири сезонски вируси, кои предизвикуваат обична настинка, може накрсно да реагираат со Т-клетките, така што неодамнешната инфекција со некои од нив може да биде корисна“, рече Барклеј. И таа смета дека вирусот нема лесно да исчезне.

„Мислам дека САРС-КоВ-2 успешно прејде од животните на луѓето и дека шансите да се искорени се многу мали. Најдобро е да се надеваме на вакцината кој би требало да користи како и на вакцината против грипот“, рече таа.

Професорката по имунологија од Универзитетот во Единбург Еланор Рајли смета дека светот сепак е многу подобро подготвен за втор бран коронавирус.

„Ќе дојде до зголемување на бројот на заразените, но не очекуваме дека ќе имаме толкав голем број хоспитализирани како на почетокот. Сега знаеме доволно дека можеме да ги заштитиме постарите и ранливата популација, што ќе им овозможи на останатите да продолжат да ги живеат своите животи“, рече таа.

Тоа значи дека одговорноста за сузбивање на заразата останува на нас – физичка дистанца, заштитна маска и хигиена на рацете.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button