Реклама
Вирално

Оваа фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи – цел Балкан шокиран поради однесувањето на овие момчиња

Реклама

Сред бел ден разменуваат нежности

Фото: Инстаграм

Фотографија од двајца млади момчиња, која е направена во Зеница, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. На фотографијата се гледа како тие разменуваат нежности сред бел ден, и не обраќаат внимание на случајните минувачи, а откако беше објавена на социјалните мрежи предизвика многу коментари, во главно негативни.

Хомосексуалноста се уште е табу тема речиси во сите земји од поранешна Југославија, па момчињата беа осудени од јавноста поради однесувањето, особено затоа што тоа го прават на јавно место без да размислат за минувачите.

Маркетинг

Слична реакција имаше и пред неколку дена во Македонија, кога во медиумите беа објавени фотографии од перформансот на здруженијата кои се борат за правата на ЛГБТ луѓето. Бурните реакции беа затоа што многумина перформансот го доживеаја како исмевање на Христијанството, па во коментарите на социјалните мрежи покрај негативните коментари, имаше и ширење на говор на омраза, што и во нашата земја (!), е казниво со закон.

Од тие причини ги замолуваме нашите читатели да бидат повнимателни со коментарите, и да ги избираат зборовите кога сакаат некого да критикуваат, и кога не се согласуваат со нечиј став или мислење. Во спротивно навредливите коментари ќе бидеме принудени да ги избришеме.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button