Реклама
Стил

Оваа згодна мајка од Скопје и во својата 45 година изгледа неверојатно – овој детаљ сите ги воодушеви

Нашата поранешна манекенка и во обично тесно здолниште и патики изгледа како милион долари

Реклама

Нејзините објави секогаш радуваат многумина

Вера Мештеровиќ и овој пат успеа да ги изненади своите следбеници со една снимка што ја објави на својот Инстаграм профил.

Поранешната Мис на Македонија и сегашна водителка на утринската програма на Канал 5 телевизија овој пат избра интересно модно издание со кое ја истакна својата згодна фигура, но истовремено покажа и дека знае да си поигра со трендовите.

Маркетинг

Имено, Вера позираше во тесно здолниште со страничен шлиц со кој ги истакна своите убави нозе, додека во горниот дел носеше елегантна маичка во светла нијанса и со копчиња која е совршен избор за деловни комбинации. Но еден детаљ со кој поранешната манекенка го заокружи ова свое издание, а заради кој изгледаше мошне тренди, беа патиките од познат спортски бренд.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ

Тие на оваа елегантна дневна комбинација и додадоа една урбана димензија, а Вера изгледаше повеќе од одлично во ова издание, но очигледно така и се чувствуваше што може да се заклучи и по фотките.

Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ

Потсетуваме, Вера неодамна го прослави својот 45 роденден, а најубавите честитки ги доби од своите дечиња, Андреј и Јована.

Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ

Имено, тие на хамер- хартија напишале песничка за својата мајка и залепиле неколку заеднички фотографии, па шармантната водителка воодушевена од нивното изненадување го сподели со бројните следбеници на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ

„Секој ден редиме нови спомени“

„Подарокот кој душа грее кој било коментар е одвишен, благодарна на Бога за ваков благослов што ве имам“, напиша Вера тогаш.

Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од оваа извонредна мама која под секоја од нив добива бројни лајкови и коментари на социјалните мрежи од што можеме да заклучиме дека овие нејзини изданија им се допаѓаат на луѓето.

Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ

Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ

Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ

Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ

Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button