Реклама
Култура[тор]

Новиот трејлер за Дамбо ќе ве врати во детството и ќе ви ја разбуди носталгијата!

Реклама

Кога Тим Бартон и Дизни ќе ги здружат силите и ќе решат да оживеат еден од најомилените херој од нашето детство, симпатичниот Дамбо, тогаш сигурни сте дека треба да очекувате возбудливо филмско патување со многу емоции и носталгија.

Новиот трејлер за играниот филм “Дамбо”, римејк на познатиот анимиран филм за слонот што може да лета, ветува дека филмот ќе биде многу емотивен, исто како што беше случајот и со цртаниот.

Маркетинг

Филмската верзија е малку поразлична од оригиналот од 1941 година, но сигурно содржи неколку симпатични моменти кои ги содржи и цртаниот – како на пример сцената во која тажниот Дамбо ја посетува својата мајка пред нејзиниот кафез, каде што мајката го гали со сурлата.

Маркетинг

https://www.youtube.com/watch?v=Biigna1PMOw

 

Трејлерот јасно покажува дека ова ќе биде филм полн со темната драма на Бартон – токму она за што и се надевавме.

 

Главните улоги во филмот кој со нетрпение го чекаат да дојде во киносалите милиони гледачи низ целиот свет ќе ги толкуваат Дени Девито, Колин Фарел, Мајкл Китон, Ева Грин и многу други познати актери.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button