Реклама
Наши ѕвезди

Новинарката Цеце добила непристојно прашање од „тетката“ во Завод за вработување

Стварно нема одговор на некои прашања, некои прашања се многу глупи, вели Николова.

Реклама

Новинарката Цеце Николова отворено зборува за нејзиниот проблем со алопеција со кој се соочува од детството. Се работи за состојба во која луѓето ја губат косата.

Николова е една храбра девојка која пред една година ја тргна периката и веќе слободно шета насекаде без перика.

Таа постојано раскажува  и споделува со нејзините следбеници на социјалните мрежи различни ситуации за тоа како реагираат  кога ќе ја видат без перика луѓето,  добро, лошо, дали ја загледуваат и слично.

Маркетинг

Бидејќи низ животот поминала низ многу трауми поврзани со тоа што има недостаток на коса, многу ниски удари и подли коментари од различни луѓе, колеги, случајни минувачи итн. потребно и било долго време да се охрабри и да се соочи со себеси, да се прифати таква каква што е, а потоа да дозволи и останатите што сакаат да ја прифатат.

Маркетинг

Времето тече, Цеце доби голема поддршка од многу луѓе за потегот кој го направи и не само тоа, охрабри многу луѓе кои имаат алопеција да се прифатат себеси и да не се срамат и кријат.

Неодамна симпатичната новинрка налетала на една непристојна госопѓа вработена во Заводот за вработување. Во последната објава на инстаграм,  Цеце  ги открива деталите.

„Стварно нема одговор на некои прашања, некои прашања се многу глупи!На ред дојде тетката од Заводот за вработување, раскажува Цеце.

Пред неколку месеци била  во Завод да се пријави како активен барател и додека чекала на ред не се чувств увала непријатно.

„Тој ден како цело Скопје да дошло да се пријави за врфаботување, стварно имаше многу гужва. Но немаше непријатни погледи, навистина луѓето беа културни, се додека не дојде ред да се пријавам, објаснува таа.

Откако вработената позади шалтерот ѝ ја земала личната карта почнала да ја мерка малку неа, малку документот за лична идентификација. Цеце вели на личната карта имам фотографија на која носам перика,

„Откако неколку пати ме измери, јас ѝ нагласив: Јас сум!  А таа збунето ме гледа и со сиот памет ме прашува: Вика да?!аааа Шо така?

Како бе шо така? : А она ме гледа, она чека одговор, дечки.

И јас и викам: Пишете активен барател, вели Цеце.

Притоа новинарката бара одговор од сите што ќе го погледнат видеото:

-Еве пишете ми во коментар вие да бевте на мое место, што ќе одговоревте?

Инаку, Цеце  е една храбра девојка која буквално самостојно се изградила во успешна паметна девојка.

Како дете израснато во дом, кое се борело цел живот со алопеција и од љубопитните погледи и подли јазици на луѓето, таа израснала во една паметна, интелигентна девојка што денес има здружение кое им помага на младите кои излегуваат од дом за деца без родители, за да тргнат по прав пат и полесно да се снајдат во светот на возрасните.

Фотографиите се позајмени од приватната архива на Цеце Николова на инстаграм.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button