Реклама
MAMAКафе муабет

„Ништо нема да се смени ако ти не се смениш“ – безвременски мудрости на Сократ

Реклама

Сократ е родум од Атина. Го напуштил занаетот на татка си (каменорежач) и сиот свој живот го посветил на филозофијата. За него се знае дека имал една ќерка со куртизаната Лагиска.

Меѓу учениците на Сократ имало и двајца млади атински благородници, Алкибијад и Критија, кои подоцна станале политичари и биле осудени поради завера портив републиката и за учество во аристократската олигархија (т.н. Триесетмина) која Спартанците ѝ ја наметнале на Атина. Оттука, атињаните го сметале Сократ за виновен поради тоа што тој ги воспитал двајцата завереници при што глумецот Мелит и адвокатот Анит го обвиниле Сократ пред судот дека ја расипувал младината. Како последица на тоа, припадниците на народната партија, која успеала да ја урне власта на олигархијата, го осудиле Сократ на смрт.

Да се потсетиме на неговата мудрост…

Маркетинг

Внимавајте што посакувате

Постои една позната изрека што гласи „Внимавајте што посакувате, бидејќи можеби токму тоа ќе го добиете“. Најдобро е да не посакувате ништо за себе, туку да се фокусирате на желбите што ги засегаат сите луѓе на светот. Посакувајте мир и напредок за целиот свет. Ако посакувате нешто за еден човек може да згрешите, но ако посакувате нешто за целиот колектив секогаш ќе бидете во право.

Маркетинг

Луѓето кои не се задоволни со она што го имаат, никогаш нема да бидат задоволни ниту со она што би сакале да го имаат

Луѓето кои постојано сакаат повеќе наместо да бидат благодарни за она што го имаат, никогаш нема да бидат среќни дури и ако го добијат тоа што го посакувале. Мора да го цениме она што го имаме, да уживаме и да бидеме среќни со нашиот живот. Само така универзумот ќе нѐ награди.

Единствената вистинска мудрост е сознанието дека не знаете ништо

Бидете отворени и сфатете дека можно е да грешите. Освен тоа, без разлика колку многу работи знаете, постојат уште бесконечно многу нешта за кои не знаете ништо. Ќе сретнете различни луѓе во животот со различни искуства и познавања и треба да бидете љубопитни да ги запознаете и да научите нешто од нив.

Ништо нема да се смени ако ти не се смениш

„Тој што ќе се промени себеси ќе го промени и светот. Запомни дека ништо не е постојано во животот. Затоа треба да избегнуваш премногу восхит за напредокот и премногу потиштеност во лошите моменти.“

Ништо во животот не е постојано

„Ако не го добиеш она што го сакаш, страдаш. Ако го добиеш она што не го сакаш, страдаш. Дури и ако го добиеш токму она што го сакаш, пак страдаш затоа што знаеш дека нема да трае вечно. Твојот ум е твојата несреќа. Тој не сака промени. Не сака болести и не ги сака обврските да се живее и да се умре. Но промената е закон кој влијае на реалноста без да се крие.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button