Реклама
Наши ѕвезди

Ниту една емисија од „Ѕвездите на Гранд“ не поминува без македонска песна: Србите ги обожаваат песните на нашата најголема ѕвезда – една од нив се најде во топ 5 најпеани

Реклама

Веќе долги години низ целиот Балкан, најгледано музичко шоу е „Ѕвездите на Гранд“. Станува збор за емисија на која се бараат нови музчки таленти од цела поранешна Југославија, на кои им се дава можност да станат ѕвезди и да го исполнат својот сон. На оние кои најдобро ќе се покажат и оние кои ќе стигнат до финале им се доделуваат вредни награди, меѓу кои и снимање на сопствени песни.

Емисијата се емитува на српската Пинк телевизија, а се пренесува и на регионалните канали ширум Балканот.
Години наназад во „Ѕвездите на Гранд“ учествуваат и кандидати од Македонија, на кои самото учество во шоуто им служи како отскочна даска за стекнување популарност во нашата земја, но и пошироко.

Маркетинг

Популарни личности кои со слава се стекнаа во ова шоу се пејачките Тања Савиќ, Радмила Манјловиќ, Милица Павловиќ, Милан Станковиќ, Александра Пријовиќ, Бане Моичевиќ кој беше победеник, Амар Гиле кој исто така победи во една сезона.

Маркетинг

Она на што сите бевме горди и победата на Ристе Ристески во „Ѕвездите на Гранд“ во 2017 година.

Со освоени 76.226 гласови, Ристески беше убедлив победник според изборот на публиката, пред конкурентот Армин Дедиќ, кој освои околу 45.000 гласови.

Според гласовите на жирито, победник е Алекса Перовиќ, додека според гласовите на публиката победи нашиот Ристе Ристески од Охрид.

Ристе освои 76.226 СМС гласови, а се претстави со песните „Во љубов вера немам“ од Оливер Драгоевиќ и Џибони, а потоа „забрза“ со „По тебе“ од Тоше Проески.

Ристе за победата доби автомобил, победничка статуа и две песни за почеток на неговата музичка кариера.

Во текот на шоуто се пееле и се пеат песни од различни жанрови, но неколку од нив од сезона во сезона се повторуваат. Жирито составено од Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ, Ана Бекута, Драган Стојковиќ Босанац, Вики Миљковиќ и Ѓорѓе Давид ги советува македонските кандидати дека најдобро е да се претставуваат со македонски песни.

Ова е список со петте најпопуларни песни што се испеани во шоуто:

Најпопуларна е песната „Прекасно“ од босанскиот пејач Амар Гиле кој победи во 2013 година.

Второто место го зазема „Онај ко те љуби среќан је“ од хрватскиот пејач Тони Цетински

На третото место е хитот „Дај не питај“ од Викторија.

Евровизискиот хит на Калиопи „Црно и Бело“ се најде на четвртото место.

Калиопи ја претстави Македонија со „Црно и Бело“ на Евровизија во 2012 година што се одржа во Баку, Азербејџан. Автори на песната се Калиопи и Ромео Грил.

Песната оствари краен пласман на 12 место, со вкупно 71 поени, при што максимален број поени, 12, доби од Босна и Херцеговина и од Србија.

Петтото место го зазеде безвременскиот хит на Шабан Шаулиќ „Доџи да остаримо заедно“.

Во моментов се снима последната, 14-та сезона на шоуто која малку се развлече поради ситуацијата со коронавирусот.

Во едно свое интервју, Ѓорѓе Давид даде свое мислење за сите членови на жирито:

– По се во „Ѕвездите на Гранд“ можам да кажам дека Вики е наајдобриот човек на естрадата кој го имам запознаено за овие 56 години живот.

Да ми го кажеше некој ова пред 10 години дека ќе го изјавам, слатко би се насмеал. Можеби најдобро се согласувам со Марија и Вики, а Босанец ми беше најголем анонимус и имав гард на почетокот.

Подоцна сфатив дека тој засртрашувачки добро ја познава музиката, точно сите жанрови, отворено рекол пејачот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button