Реклама
Вирално

Никола живее и работи во Норвешка и поради една работа му е посебно задоволство што живее таму во екот на пандемијата

Реклама

Никола е Србин кој со години живее и работи во Норвешка и таму го затекна пандемијата од коронавирусот. Тој прави споредба како се жживее и постапува во Норвешка додека трае пандемијата и како овој нордиски народ се справува со опасниот вирус, поради што е посебно задоволен што не е на Балканот кој потфрли во борбата со короната.

– Прва работа која ќе ја доживеете во Кралството Норвешка кога доаѓате од Србија и безбедноста и потврдената верба во системот, иако и тој има свои недостатоци и маани. Постои доверба меѓу државата и граѓаните, вели Никола Сретеновиќ, инжинер од Белград кој третина од својот живот живее во оваа скандинавска земја и токму поради тој систем има доверба во текот на пандемијата да остане во Норвешка.

Маркетинг

Според него, никогаш немал посбни планови за живот во странство, како денешните студенти, за кои има впечаток дека единствена мисла им е да ја напуштат Србија. Меѓутоа неговиот пат го променил помладиот брат и одобрената стипендија од норвешката влада.

Фото: Twitter

Никола неодамна во Белград престојуваше две недели, во времетo меѓу двата врвови на коронавирусот во Србија. Тој споредувајќи ја состојбата од Норвешка и Србија вели дека во Норвешка немало драстични забрани за движење за разлика од Србија, но сите се придржувале кон социјалното дистанцирање.

Маркетинг

– Милам дека се доаѓа од онаа спомената доверба и верба во системот кој не постои во Србија, нагласува Никола во разговорот за Данас.

Според неговите зборови во Норвешка околу 450.000 граѓани привремено ја загубиле работата, но и натаму биле официјално вработени, додека државата им исплаќала плати од 60 до 80 отсто, со услов да можат да работат до 50 отсто од работното време.

– Тоа за граѓаните и компаниите во кои работат беше важна економска мерки за помош. Од друга страна, граѓаните и сега се придржуваат до едноставните мерки: социјално дистанцирање од едне метар оддалеченост, избегнување на непотребните контакти одбегнување на непоребни контакти, работа од дома кога е возможно, одбегнување на кафулиња и ресторани, јавни собири итн. Во Србија кон крајот на јуни доживеав потполно поинаква ситуација. Граѓаните претходно беа насилно затворени во домовите зошто државата нема доверба дека се одговорни. Притоа е целосно нејасно зошто, кога од своето настанување Републиката во повеќе наврати ги изневери очекувањата на граѓаните, а не обратно. На таа недоверба, граѓаните во прва прилика одговорија со еднаква недоверба кон државата и кон сите мерки на заштита кои ги даваа лекарите, вели Никола.

Она што го затекнал во Србија го опишува на следниот начин:

„Кафулињата беа преполни, келнерите носеа маски под брадата со коментар дека не е дефинирано од државата каде треба да ги носат, огранизирани се бесплатни концерти, Ада Циганлија беше преполна (додека Кошутњак беше релативно попразен), студентите правеа забави на отворено итн.

Тој исто така смета дека и изборите во Србија придонеле за ширење на вирусот, зошто не бил воведне некој побезбеден начин на гласање.

– Станува збор за начини на гласање кои постојат во западните демократии како гласање преку пошта, гласање електронски итн. На тој начин воедно би се овозможило гласање и на сите оние граѓани кои не живеат во Србија и на кои им е ускратено елементарното право со децении наназад да ја подобрат демократијата во Србија, вели ова момче.

Според него во Србија има втор бран на коронавирусот кој однесе подеднакво голем број на животи, а во Норвешка втор бран немало. Затоа државата треба да поработи на изградбата на доверба со граѓаните кои живеат во неа, заклучува Никола.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button