Реклама
Наши ѕвезди

„Никогаш нема да престанам да те сакам“ – по трагичната вест за манекенката, се огласи и нејзиното поранешно момче

Реклама

Веста дека преубавата мисица Дијана Милојковиќ на 33 годишна возраст ја изгуби битката со тешката болест го потресе целиот регион.

Убавата мисица им беше пример на сите како да се носат со тешката болест, им беше инспирација и им даваше сила и совети на луѓето, и секогаш за сите имаше зборови за поддршка и утеха.

Маркетинг

Сепак, Дијана не ја издржа битката, а нејзините најблиски не можат да поверуваат дека повеќе не е со нив. На социјалните мрежи се јави и нејзиното поранешно момче Стефан Кариќ, со кого мисицата долги години беше во врска.

Маркетинг

Тие важеа за еден од најзгодните парови во регионот, а кога Дијана се разболе и поради силните терапии остана без коса, и тој се ошиша ќелав и со тоа ја покажа својата солидарност со што ги воодушеви сите.

„Имаше и таа премногу проблеми. Но ете со некое чудо можеше да ги контролира и да ги задржи во себе. Понекогаш се чувствуваше многу лошо, а сепак одеше исправено и гордо, ретко кој можеше да се посомнева дека нешто и фали. Убеден дека кога тогаш ќе дојде подобро време, а ако случајно не дојде, нема врска. Низ животот помина баш онака како што треба! Борбено и како кралица. Ти благодарам за сите денови што ги поминав со тебе, ти благодарам за секоја несмевка, за секоја солза, за секое добро утро и лека ноќ! Никогаш нема да те заборавам и да престанам да те сакам, ќе се видиме во некој друг живот и во тоа сум сигурен! И да знаеш ти за мене си победник во оваа борба! Почивај во мир моја Дијана. Засекогаш твој Стефан“ – напиша Кариќ покрај видеото на кое ја пее песната „Повторно да се родам“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button