Реклама
Вирално

Ние сме на крајот на епидемијата, не знам што револуционерно би можело да се случи освен да исчезне – прогнозира познатиот пулмолог

Реклама

Пулмологот Бранимир Несторовиќ е еден од оние лекари кој дојдоа во центарот на вниманието по доаѓањето на коронавирусот во Србија.

Овој доктор стана популарен меѓу другото и поради изјавата дека „естрогенот ги штити жените од коронавирусот“.

-Еве да кажам за жените. Естрогените дефинитивно ги штитат жените, тие имаат поблаги облици и не умираат од овој вирус. Значи жени, слободно одете на шопинг во Италија, зошто слушам дека таму сега има големи попусти. Зошто сега никој жив нема да сака да оди таму. Само подгответе ги мажите за тоа – ментално, рече Несторовиќ.

Маркетинг

Тој за оваа тема зборуваше и на ТВ Пинк:

„Целта ни е да имаме 5-6 случаи дневно. Ако остане овој тренд, ќе биде фантастично. Нашиот нулти пациент е многу тежок случај, се работи за човек со хронични болести. Релативно е стабилен, но опоравувањето ќе трае долго. Просекот е околу 3 недели. Еден пациент е стабилно, а останатите се полесно болни и ќе одат на домашно лекување, рече Несторовиќ.

Маркетинг

Според неговите зборови, вирусот не се шири така лесно, истакнувајќи дека нема ширење на вирусот во колективно.

„Имаме луѓе кои доаѓаат во контакт со нив, па се инфицираат и многу слабо го пренесуваат вирусот понатаму“, рече Несторовиќ и додаде дека многу болни нема ни да забележат дека се заразени додека ризичните групи ќе се разболат и тука ќе биде потребна медицинска интервенција.

Додаде и дека разбира зошто луѓето купуваат продукти и средства за хигиена во продавниците зошто се исплашени, а вестите што ги добиваат се панични.

„Создадена е фама дека тоа е неверојатно смртоносен вирус. Во најризичната група смртноста е 13 отсто, секој шести умира. Вирусот не е толку инфективен. Во Италија има специфична ситуација зошто имаат многу старо население. Ние проценуваме дека тука ќе умрат 2-3 илјади луѓе зошто нивниот здравствен систем пукна и не може да прими толку стари луѓе на интензивна нега“, рече Несторовиќ.

Тој додаде дека и САРС и МЕРС исчезнале во мај и дека претпоставува дека така ќе биде и со Ковид -19.

Несторовиќ рече дека ова е многу специфичен вирус за разлика од другите, зошто децата речиси и не ги напаѓа, како и здравите млади жени до 40 години, а додаде дека интересно е што и бремените жени заразени со овој вирус раѓале потполно здрави и незаразени деца, што укажува на фактот дека тој не се пренесува на бебето ниту преку крвта, ниту преку млекото од мајката, како ни преку постелката.

„Овој вирус е фатален за старите со хронични болести. Коронавирусот се до 2003 година се сметаше за предизвикувач на кивавица, а со појавата на САРС тоа беше прв коронавирус кој ги напаѓа белите дробови. Луѓето тешко сфаќаат дека смртоносните вируси не се за нас опасни. Ова не е смртоносен, но лесно се шири и сите мислат дека од него, како од чума, сите ќе паѓаме по улици“, рече Несторовиќ.

Тој рече дека Ковид – 19 е многу заразен, а малку опасен и дека личната хигиена е најважна во превенцијата.

На констатацијата дека многумина му замерувале на „неодговорните изјави“, Несторовиќ рече дека му е драго што луѓето се занимавале со него додека во Европа панично се празнеле продавниците.

„Ја сум како Број 1 во Алан Форд“, рече Несторовиќ и додаде дека не случајно говорел туку дека тие изјави ги давал со смислена цел.

Рече и дека на државата и се понудил на располагање зошто смета дека тоа е чин на патриотизам кон својата земја која ја сакаш.

„Кога ќе ве повика претседателот на државата како да не се јавите, па јас од срамота не би можел на улица да излезам кога би ја одбил својата земја во ваков момент“, рече Несторовиќ и им порача на сите кои шмркаат и чувствуваат малаксаност да останат дома.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button