Реклама
CelebrityИнтервју

„Не ви треба партнер кој ќе проба да ве менува“

Реклама

Гламур интервју со Симона Поповска

Симона Поповска важи за една од најубавите докторки во Македонија, но, дека вистински ужива и знае како да ја пренесе емоцијата кога е на сцената со микрофонот во рака, не треба многу да зборуваме. Крвта не е вода, таа за себе вели дека талент во музиката и пеењето го има наследено од својата мајка, за која вели дека имаат речиси ист глас.

Маркетинг

Кои се твоите ритуали за здрав живот и како ја негуваш твојата кожа?

– Немам некои посебни ритуали, но се разбира дека здравста исхрана и физичката активност се важните фактори кои придонесуваат за мојот изглед . Тука се и редовните третмани за мојата кожа кои придонесуваат да изгледа негувано.

Што е она што сакате да го прикриете, а што да истакнете со вашата шминка?

–  Не ја користам шминката за да прикривам недостатоци, напротив уживам и ја доживувам како  вид уметност со кој посебно сакам да ги истакнувам очите . Секако дека постојат денови кога може да се прикрие уморниот изглед :)

Маркетинг

Симона, дипломираше на медицинскиот факултет, но медицината и музиката немаат допирни точки. Како успеваш да бидеш успешна и на двете полиња и да ги усогласиш обврските?

–  Со многу желба , труд и упорност . Кога нешто се сака се се може :) Верувајте во себе и неспојливото може да го направите спојливо :)

Имате долга коса и ретко експерементирате со фризури. Како ја негувате вашата коса и дали размислувате за некоја нова комплетна промена?

– Па не би рекла дека не експериментирам,  често знаам на неколку месеци да си играм со бојата на мојата коса.  Но, во однос на комплетна промена не би се осудила , затоа што сум била и блондика и тоа ми била најголемата промена . За мојата нега се задолжени производите на Белина кои се органска козметика (линијата Argan Shine – шампон и маска  за сува и остелива коса) , но секако посетувам и фризерски салон 2 до 3 пати неделно :)

Која е вашата добитна комбинација на пример за некоја вечерна забава?

За мене добитна комбинација за вечерна забава е друштвото со кого сум :)

Бидејќи се занимваш со јавна професија колку твојот партнер е подготвен да се носи со критиките, твоите успеси кои ти ги наложува работата?

Ако не бил спремен нормално немаше да биде и мој партнер :) Поради тоа и сум го избрала бидејќи ја прифатил мојата работа и се што иде заедно со неа. Според мене не треба да бирате партнер кој ќе проба да ве менува , треба да ве прифати и подржи за уште поголем успех .

Кои се твоите идни планови?

Спот за макфестовската балада – Љуби ме . Прекрасна балада која заслужува видео запис .

Подготви: Берта Мартиноска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button