Реклама
Новости

Несреќната жена прегазена пред очите на ќерката – шокантни детали од тешката сообраќајка

Пејачот Ѓорѓе Давид поминува низ пекол по несреќата во која што прегази 49-годишна жена

Реклама

Ѓорѓе Давид вчера згази жена во Македонија

Страшна сообраќајна несреќа се случи вчера околу 20 часот на автопатот Куманово-Табановце.

Најпрво се судриле два автомобили, по што налетува Ѓорѓе Давид и удира жена која што стоела на автопатот, додека нејзината ќерка, која го возела едниот автомобил, била во нејзина непосредна близина.

Маркетинг

Како што пренесуваат медиумите, женско лице со автомобилот влегла на автопатот во спротивна насока и се судрила со другиот автомобил.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

По судирот и двата автомобили останале на средина од патот, по што на нив налетал Ѓорѓе Давид и бидејќи била магла, доцна ги видел така што немал време да закочи. Жената што загинала стоела покрај автомобилот, пејачот ја покосил, а во животна опасност е и другиот возач.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм, 192.рс

Несреќата се случи вчера, а музичарот денес се огласи за „Гранд“ и објасни како дошло до трагичниот настап.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм, 192.рс

Пред тоа, кога тргна на пат, тој сними „стори“ од Гевелија каде се пожали дека вози по лоши временски услови.

На музичарот веднаш му беше направена анализа на крвта, и како што вели тој, не му се пронајдени никакви супстанци.

Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Давид

Според неговата изјава за „Гранд“, несреќата се случила откако налетал минута и пол по сообраќајката.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Наводно возел со брзина која што е пропишана со знаци на автопатот, но немал време да закочи и удрил во нив.

„Со мојот автомобил удрив во сопатничката што се шеташе по автопатот. Беше магла, ми беа вклучени долгите светла и тоа беше секунда“.

„Јас налетав на лицето што се шеташе по автопатот“, изјави пејачот за Гранд. тој по несреќата беше префрлен во болницата во Куманово, каде му беше пружена помош и му беше сошиена раната на раката.

„Никогаш во животот не сум згазил ни куче, а камоли ова. Се уште сум во шок, ова е пекол“, изјави тој за„ Гранд“.

Повеќе за тоа што ќе се случува сега со него дознајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button