Реклама
Наши ѕвезди

Нема да ви се верува што прави Добрила сега, во својата 96-годишна возраст – феномен во светски рамки

Оваа вест ги изненади сите

Реклама

Нашата супер-бабичка повторно ги воодушеви сите

Добрила Ивановска Чабриќ (96) е една извонредна жена која со својата неверојатна енергија го воодушевува целиот регион.

Таа досега безброј пати има истакнато дека својата енергија ја црпи од љубовта што и ја дава нејзината публиката, а деновиве ги изненади сите и со една информација што ја откри за „Гранд“.

Маркетинг

Имено, таа во интервју за „Гранд.онлајн“ откри дека во моментов се прилагодува сценариото за монодрама во која што ќе игра таа, во МНТ во Скопје, и како што самата вели, тоа посебно ја радува.

Маркетинг

Фејсбук

Таму и започнав како актерка и тие се среќни што јас доживеав тоа да го играм, што сум во состојба воопшто да играм, вели Добрила.

Таа и пред десетина години играше во монодрамата „Методот на Мис Маргарида“ кога по цели 55 години му се врати на својот театар. Таа беше дел од ансамблот од 1945 до 1957 година, а сега, по пауза од скоро седум децении повторно ќе се појави на истите штици што живот значат.

Принтскрин/ Јутјуб

И тоа на 96 годишна возраст што е феномен, и тоа не само за нашите простори, туку и за во светски рамки.

Инаку, Добрила покрај својата актерска кариера зад себе има и извонредно успешна кариера и како пејачка.

Таа денес живее во Дојран, но во минатото била голема ѕвезда во Русија, Грузија, Бугарија и многу други источни земји. Има снимено многу плочи, се натпреварувала во САД и во Западна Европа, во Париз им пеела на Оназис и легендарната Марија Калас, а денес покрај тоа што ги развеселува комшиите и пријателите во Дојран, по учеството во „Никогаш не е доцна“, повторно се врати во естрадните води и го воодушевува целиот Балкан.


.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button