Реклама
Вирално

Немаше Македононец што не се наежи: Тон емоции и солзи – Капитенот на македонската репрезентација емотивно испратен со овации

Реклама

Вчерашниот ден беше во знакот на фудбалот и капитенот Горан Пандев.

Немаше Македонец кој со насолзени очи не го гледаше збогувањето на капитенот од националниот дрес.

Маркетинг

Целата публика и играчите на терен запреа за момент за да му оддадат почит на големиот Пандев кој во 68-та минута го напушти теренот.

Навивачите на Холандија, па дури и Весли Снајдер, со кого Пандев ја покори Европа со Интер во 2010 години со овации го поздравија.

Маркетинг

На трибините заедно со премиерот на Холандија беше и премиерот Зоран Заев со својата сопруга кои исто така со аплауз го поздравија капитенот на македонската фудбалска репрезентација.

Солзи, тон емоции и ежење за секој љубител на фудбалот!

Дека Горан е голем играч покажа и капитенот на холандската репрезентација на почетокот на натпреварот кој на Пандев му даде дрес со неговото презиме испишано на грбот и бројот 122.

Бројката означува бројот на фудбалски натпревари кои Пандев ги одигра.

За време на пеењето на македонската химна Горан Пандев едвај се воздржа да не заплаче, но дел од публиката не можеше да издржи па со солзи и емоции ја испеаја химната и му порачаа „Горан Пандев фала ти“.

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на големо натпреварување, и вели дека одлуката е конечна и дека му се остварил сонот.

„Возбуден, благодарен на цела македонска јавност. 20 години носење на овој свет дрес за мене беше чест и гордост. Среќен сум што вака ја завршив репрезентативна кариера со големо натпреварување. Одигравме добро Европско првенство, немавме доволно искуство, малку ни недостасуваше да направиме резултат, но вечно ќе се сеќавам на овие настапи“, вели Пандев.

Освен за Пандев ова беше последен натпревар и за селекторот Игор Ангеловски, кој на последната прес конференција им се заблагодари на сите и се одјави од селекторската позиција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button