Реклама
Наши ѕвезди

Најубавите сестри во Македонија се опуштија со чаша добро вино – погледнете како изгледат, времето за нив како да стои!

Реклама

Едни од најубавите сестри во Македонија се опуштија и уживаа во една од скопските кафеани.

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

Натали Грубовиќ важи за една од најубавите жени во земјава, а публиката ја памети како некогашна Лото девојка.

Цела Македонија беше воодушевена од нејзината природна убавина, а мора да се признае дека времето како да запрело за неа.

Македонците носталгично се сеќаваат на времето кога Игор Џамбазов беше водител на Бинго, а Натали негова хостеса.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

Бингото се гледаше во секој дом, а гледачите уживаа во досетливоста и шегите на Игор, но и во убавината на Натали.

Игор и Натали беа најпознатото водителско дуо кое со години ја забавуваше целата јавност. Заедно ги водеа популарните игри на среќа „Џандар збира“, „Супер Бинго“ и „Тркало на среќата“.

ФОТО: Принтскрин

Фразата која е останата до ден денес, а ја кажа токму Игор е „Аје Натали, дај му на човекот“.

Маркетинг

Денес Натали живее мирен и ппвлечен живот, далеку од очите на јавноста и ужива со своето семејство.

На 27 септември 2017 година Натали се оствари и во улога на мајка. Таа и нејзиниот сопруг, бизнисменот Дрен Глушац добија ќерка. Слаткото девојче го доби истото име како мама.

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

Дека убавината е наследна, доказ се и другите две сестри на поранешната Мис Македонија.

Радица и Марија Грубовиќ се вистински убавици, кои каде и да се појават не може да не бидат забележани.

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

Радица е доктор на медицински науки, супспецијалист, раководител на Иститутот за трансфузиона медицина Скопје и Претседател на Здружението на трансфузиолози, а Марија работа во Секретаријатот за европски прашања.

Освен што се убави, сестрите се и успешни.

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

После сите дневни обврски, ред е вечерта да се заврши со чаша добро вино, а двете сестри одлучија да се опуштат во една од скопските кафеани.

Која од која поубава, не знае човек во која да гледа.

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

ФОТО: Инстаграм / Натали Грубовиќ

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button