Реклама
Наши ѕвезди

Најтажната фотографија на Зоки Фаци – со солзи и неутешен, гледа кон гробот на своите родители

Тие беа неговата најголема поддршка и речиси да нема ден да помине, а барем за момент да не се присети на убавите мигови што ги имал со нив.

Реклама

Познатиот новинар Зоран Василевски неодамна објави фотографија со која ги растажи своите бројни следбеници. многумина растажи

Зоран Василевски, во јавноста попознат како Зоки Фаци, ги растажи фановите кога објави фотографија од гробот на неговите родители кои се погребани на гробиштата во Катланово.

Зоки таму има семејна викендичка каде често оди да се одмори кога сака да избега од градската гужва и бучава, а на гробиштата на ова место се закопани неговите родители Младен и Пандора Василевски.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци

Тој овој пат се фотографираше додека го допира нивниот споменик, а откако им запали свеќа го напиша следново:

Маркетинг

„Срцето ми е со вас, погребано во вечноста, заради сите убави мигови, а животот преубаво ви стоеше. Извинете за се, во мене пости болка“, напиша Зоки во коментарите на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци

Инаку, неговата мајка почина претходното лето, така што деновиве поминаа шест месеци од нејзината смрт.

Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци

„Утрово се збогував со мајка ми. Замина во вечноста, таму кај татко ми. Летај Пандора, небото е твое“ напиша Зоки на денот кога таа почина.

„Се испративме со лесен чекор, јас стојам ан патот, а ти ми мафташ и додека пееше попот, црквата ми се виде обоена во сите животни бои. Ти донесов бели рози, чинам четири беа, која од која поубава. Бог е голем, рајските порти се отвораат, таму те чека, знаеш кој… а јас ќе тагувам по тебе додека сум жив. Не заборавај да леташ. Ти благодарам за сите убави денови, ти благодарам за се од срце, а сега остај ме да сонувам моја Пандора“, напиша тогаш Зоки на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци

Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци

Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци

Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button