Реклама
Интервју

Најпопуларниот јутјубер Стефан Лазаров ѝ е братучед, семејството на убавата пејачка Ивана Серафимoвска полно со звучни имиња

На многу мои настапи Марија била моја мејк- ап кралица, и ми помагала околу средувањето и стајлингот, вели Ивана за Гламур.мк

Реклама

Доколку треба со еден збор да се опише нашата соговорничка, тоа би бил зборот професионалец. Таа е едно бисерно грло од нашата фолк сцена. Ивана Серафимовска, пејачка во групата „Академици“ и дел од НУ „Танец“.

Можеби за дел од јавноста не е познато, но во семејсвото на Ивана има многу познати личности, почнувајќи од тоа дека нејзин прв братучед е најпопуларниот македонски јутјубер Стефан Лазаров, аналогно  сестрата на Стефан, атрактивната шминкерка Марија Лазаров ѝ е братучетка. Всушност нивниот татко познатиот композитор Орце  Лазаров ѝ е чичко на Ивана, но и долгогодишен  соработник кога е во прашање музиката.

Маркетинг

А знаете ли кој ѝ е брат на Ивана? Еден од најгласните,доктори, вистински коректор на здравствените грешки и поборник за подобар здравствен систем во државата  д-р Ненад Лазаров.

Ивана од дете знаела дека еден ден ќе се занимава со музика, уште од рана возраст нејзините афинитети и талент, музикалноста биле видливи, па затоа и се одлучила своето образование да го насочи токму кон мзуиката.

Маркетинг

Оваа прекрасна дама веднаш ја прифати  поканата да одговори на прашањата од Гламур.мк. Поразговаравме околку музиката, но и за испреплетените семејни врски. Имавме многу пријатен и убав разговор со неа, уживајте…

 Дали сонувавте еден ден да станете пејачка?

– Да, отсекогаш знаев дека музиката ќе биде мојот живот, од првите сеќавања за себе, од првиот дрвен микрофон кој што ми го направи татко ми за да им правам фестивали по дома .

Зошто ја одбравте народната сцена?

– Затоа што со таа музика пораснав, и некако со текот на годините го пронајдов својот стил кој вклучува поп/фолк музика, нешто што вклучува доза на современ призвук зачувувајќи ја традицијата и нашиот фолклор.

Дали некогаш сте размислувале и за поп сцената?

– Да, размислував и некако повеќе се пронајдов на фолк сцената, што не значи дека некогаш нема да изненадам со некоја поп песна :)

Ивана не ја дели музиката по ниту еден основ. Таа не поставува граници кога се работи за музика, слуша секаков стил на музика, а највеќе ја опушта медитеранската песна.

Кој ви е омилен пејач/ка?

– Омилени изведувачи имам многу, од Кирил Манчевски (за мене се уште недостижен како пејач), до Оливер Драгојевиќ, Нина Бадриќ…многу омилени песни и пејачи имам од разни бранши во музиката.

фото/Фејсбук

Вие сте дел од ансамблот „Танец“, што значи да се биде вработен во една ваква установа?

– Работата во Танец првенствено носи една голема одговорност, а потоа огромна гордост, како најголем репрезент на македонската песна, оро, фолклор, традиција и култура. Нема поголема гордост од тоа сегде каде што настапуваш да пееш под знамето на Македонија. Танец е местото каде секојдневно едвај чекам да одам на работа, времето ни е исполнето со песна, па има ли поубаво од тоа? :)

фото/Фејсбук

Настапивте на „Фолк фест Валандово“ и оваа година дали сте задоволни од реакциите на публиката?

– Да, годинава настапив по трет пат на „Фолк фест Валандово“, сметам дека публиката одлично ја прифати песната.

Како успевате да ги организирате и балансирате обврските на една мајка на мало дете  и  одговорностите кои ги носи вашата професија?

– Па искрена да бидам, многу тешко. Динамиката и темпото на работа се огромни, времето е кратко, но јас се сметам себеси за доста издржлива личност која и покрај сите обврски успевам да посветам внимание на домот и ќерката, на која сега во оваа фаза на развивање најмногу и е потребна родителска љубов.

Колку години има вашата ќеркичка и дали и таа покажува афинитети за музиката како мама или можеби има поинакви желби?

– Софија има 5 ипол години и е темпераментно дете кое од најрана возраст покажува огормен интерес за музика, има одличен слух, чувство за ритам, обожува рок музика, едноставно Софија е дете што сака креативни игри, цртање, боење…како секое друго детенце на таа возраст. Понатаму ќе видиме што ќе посака, одлуката секако би била нејзина.

Ивана е во брак со режисерот Сашо Серафимовски.

Како е да се живее во семејсвто полно со креативност. Какви се вашите секојдневија, слободното време, дали дома понекогаш знаете да си направите едно интимно шоу?

– Да мојот сопруг е режисер, имаме взаемна поддршка за се она што го правиме како слични дејности и уметности. Дома секогаш слушаме гласна музика, играме,Софија прави концерти, забавно е секако.

фото/Фејсбук

Сте размислувале ли за заеднички проект?

– Ние имаме веќе заеднички проект, тој режира манифестација позната во Тетово и пошироко “И тетовските глумци поа”, која се одржува 8 години по ред, каде во музичкиот дел покрај другото сум дел секое издание. Би сакала и би требало да се вклопиме и во некои други проекти во иднина.

фото/Фејсбук

 Како е да се има лекар како Ненад Лазаров „по дома“?

– Да, брат ми, покрај улогата брат, најчесто е “искористен” за докторски совети, гледаме колку што може да го олабавиме бидејќи навистина е зафатен, во секој случај богатство е да се има во животот прво како брат после како се останато.

фото/Фејсбук

Интерсно е што во вашето семејсво има многу познати личности.   Орце Лазаров е ваш чичко, а неговите деца Стефан Лазаров и Марија се ваши братучеди. Дали комуницирате со нив, дали се дружите?

– Да, баш е весело во нашето семејство. Чичко ми впрочем е автор на повеќето мои песни, со Стефан и Марија секако дека сме во контакт и се дружиме секогаш кога сме слободни.

На кој начин се грижите за негата на вашето преубаво лице? Споделете со нас некој совет.

– Ви благодарам на комплиментот. За лицето се грижам со секојдневна рутина, обавезно чистење со тоник, посебно заради многу честата употреба на шминка, дневна и ноќна крема, редовно посетувам козметичар за освежување и класичен третман, сакам да се грижам за лицето бидејќи целиот умор и лоши навики се истакнуваат преку него.

Зад вас секогаш имате професионален тим, кој ви помага околку вашиот сценски изглед и појавувањата во јавноста? Дали ја вклучувате и вашата братучетка, барате ли совети од неа 😊

– Па во принцип сум особа што сака сама да си диктира се, примам и совети секако, од сопругот од моите најблиски, сакам искрена критика, а со Марија исто така сме во релација околу моите настапи, на многу од нив таа била моја меј-к ап кралица, и ми помагала околу средувањето и стајлингот. Секако дека ја вклучувам бидејќи ја сметам за ултра талентирана, модерна и креативна девојка.

фото/Фејсбук

Вие сте секогаш галмурозна на сцената, но каков е вашиот стил приватно?

–  Ох, одвај чекав некој да ми го постави ова прашање за да кажам гласно, вака со големи букви САКАМ ПАТИКИ, ТРЕНЕРКИИИ..сакам удобност, лежерност бидејќи цело време сум на штикла, иако никогаш не би се откажала и од тој изглед, некогаш си мислам дека со штикли имам и проодено :). Воглавно сакам спортски стил и удобност.

 

Имате ли планови каде ќе одите на одмор, како ви е испланирано летото 2023?

– Планови за одмор се уште немаме конкретни, секако ќе одиме негде, но каде точно не знам :) Само море да е :)

фото/Фејсбук

„Можеби“ е вашата најнова песна, па ќе ве прашаме дали МОЖЕБИ подготвувате во меѓувреме нешто ново и ексклузивно да го најавиме за Гламур.мк?

„Можеби” ќе добие видеозапис, тоа е следно што го планирам како проект, па здравје од септември ќе следи уште нешто интересно со преработка на друга моја песна ама за тоа потоа, секако ќе бидете известени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button