Реклама
Наши ѕвезди

Најемотивниот момент што ги расплака сите на „Златна Бубамара“ – Игор со порака до нашите иселеници

„Балканот се опустошува, Македонија заедно со него“

Реклама

Ова беше еден од најемотивните моменти во историјата на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“

Игор Џамбазов и оваа година никого не остави рамнодушен со она што го направи на „Златна бубамара на популарноста“.

Но дефинитивно најемотивниот момент беше кога Џамбазов излезе на сцената, и потоа зборуваше како организаторите и оваа година испратиле меилови до многу фанови на манифестацијата. Но многу од овие меилови се вратиле со порака дека оваа година нема да можат да присуствуваат на Бубамара, туку ќе ги гледаат на телевизија од далечната Австралија, Канада, Америка, Шведска…

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Златна Бубамара

Маркетинг

„Балканот се опустошува, Македонија заедно со него. Според последниот попис па до денес, 6 % од младите се иселиле. Еве јас ја спомнав сестра ми Тања… Ајде да бидеме малку искрени на Бубамара, нека дигне рака секој оној што има некој во странство, роднина, пријател, комшија, колега од работа“, изјави Џамбазов додека беше на сцената и речиси секој од публиката крена раце.

„А згради и згради се изградија, со празни станови, полупразни училишта, празни градинки… Еден од најпознатите наши иселеници се викал Константин Миладинов. И пред повеќе од 150 години ја има напишано легендарната „Т’га за југ“ која е преведена на 42 различни јазици. Оваа вечер ‘Т’га за југ’ им ја посветувам на сите оние што си заминаа од Македонија со нивна надеж дека никогаш повеќе нема да се вратат, со наша надеж дека ќе доаѓаат се’ почесто“, изјави познатиот актер и потоа со маестро Дамир Имери и кавалџијата Александар Јолевски ја изведе песната од познатиот македонски поет.

Како изгледаше овој момент погледнете во продолжение…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button