Реклама
Наши ѕвезди

Нашиот Тоше да беше жив ќе беше еден од најбогатите пејачи на Балканот – протекоа информации, еве кој има 100 милиони долари

Реклама

Тоше Проески важеше за балканскиот Елвис Присли и да беше жив сега најверојатно ќе беше еден од најбогатите музичари во регионот. Но за жал, пејачот прерано не напушти, а неговите песни се уште се едно од најслушаните…

Познатиот портал „Celebrity net worth” истражува колку изнесува богатството на познатите од целиот свет, а на нивната листа може да се најдат податоци и за неколку познати личности како од Македонија, така и од регионот. Па така овој портал пишува дека богатството на еден од најлегендарните македонски пејачи на сите времиња, Тоше Проески, се проценува на околу 10 милиони долари. Тоше за жал не напушти прерано, а неговите песни се уште важат за големи хитови во целиот регион и воопшто не се сомневаме дека доколку не се случеше стpaшната нecpeќа, сега Проески ќе беше еден од најбогатите пејачи.

Маркетинг

На листата на овој портал има и податоци за тоа колку наводно тежи и македонската фудбалска легенда Горан Пандев (околу 5 милиони долари), како и за албанската пејачка со македонски корени, Бебе Реџа, чие нето богатство „CNW“ го проценува на некаде околу пет милиони долари.

Фото: Принтскрин/ Celebrity net worth
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески

Инаку, на оваа листа меѓу најбогатите пејачки од овие простори се фолкерките Драгана Мирковиќ и Светлана Цеца Ражнатовиќ кои тежат 100, односно 80 милиони долари.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Драгана Мирковиќ

Драгана Мирковиќ е една од најуспешните јавни личности на Балканот и нејзиното богатство се проценува на околу 100 милиони долари. Таа во својата повеќедецениска кариера има издадено 20 студиски албуми. Таа и нејзиниот сопруг Тони се сопственици и на телевизиската куќа „ДМ сат“.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Светлана Цеца Ражнатовиќ

Втора на оваа листа е Светлана Цеца Ражнатовиќ која тежи 80 милиони долари.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Брена

Позната личност на која богатството и се мери во милиони е и Лепа Брена која тежи повеќе од 16 милиони долари.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Таа е најпродаваната женска пејачка од земјите од поранешна Југославија и има продадено повеќе од 40 милиони плочи. Иако нејзиното вистинско име е Фахрета Живојиновиќ, таа е попозната под уметничкото име Лепа Брена, а од 1982 до 2013 има издаден вкупно 17 албуми.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин

Горан Бреговиќ

Познатиот музичар и текстописец Горан Бреговиќ исто така може да се пофали со богатство кое се мери во милиони. Проценето е дека тој тежи околу 20 милиони долари што ги заработил од својата музика.

Фото: Инстаграм/ Горан Бреговиќ

Најпознат е по тоа што беше главен гитарист и фронтмен на бендот „Бело дугме“, но и по соработката со Емир Кустурица во неговите генијални филмови.

Фото: Инстаграм/ Горан Бреговиќ
Фото: Инстаграм/ Горан Бреговиќ

Здравко Чолиќ

Пејачот Здравко Чолиќ кој има богатство од околу 20 милиони долари се смета за еден од најголемите ѕвезди во регионот. Тој се уште е еден од најпопуларните пејачи во сите земји од поранешна Југославија, а има објавено 15 студиски албуми, кои се продавани во неверојатни тиражи.

Тиражите од неговите албуми достигнуваа и по 700.000 примероци и важи за првиот пејач на кој му е доделена дијамантска плоча од „Југотон“.

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ

Најуспешниот тенисер од овие простори, па и на светско ниво, има богатство од 220 милиони долари. Во неговата кариера има бројни импресивни победи и важи за еден од најбогатите тенисери на сите времиња.

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Во 2016 стана првиот играч кој ги држеше сите три главни титули на три различни подлоги.

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Тој има остварено и бројни други вакви подвизи, а познат е по ривалството до Рафаел Надал.

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Ноле и Рафа ги имаат одиграно некои од најинтересните натпревари во историјата на овој спорт.

Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Новак Ѓоковиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button