Реклама
Наши ѕвезди

Нашата поранешна министерка се пофали со свадбениот подарок – погледнете како му се радува со сопругот

Прекрасна идеја

Реклама

Нина и нејзиниот партнер Виктор неодамна застанаа на лудиот камен, а сега поранешната министерка се пофали со еден свадбен подарок.

Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска и нејзиниот избраник докторот Виктор Станков ова лето го изговорија судбоносното „ДА“, откако претходно се свршија за празникот Велигден.

Тие направија голема свадбена веселба за која се погрижи едно познато скопско ателје така што сé изгледше како на филмовите.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска

Бајковитите фотографии од гламурозната свадбена прослава што тогаш испливаа на социјалните мрежи, никого не оставија рамнодушен, а поранешната министерка блескаше во преубавата венчаница.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска

Младиот брачен пар кој претходно подолго време уживаше во романтична врска, набргу по свадбата заминаа на меден месец на Санторини.

Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска

Тие таму поминаа незаборавни моменти кои Нина ги овековечи со фотки, кои се уште стојат на нејзиниот Инстаграм.

Но Нина која е позната и како „кралица на попустите“, титула што ја доби како поранешна сопственичка на компанијата за онлајн трговија „Групер“, сега, неколку месеци по најубавиот ден во нејзиниот живот, се пофали на социјалните мрежи и со еден посебен свадбен подарок што го доби.

Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска

Во прашање е едно изненадување на кое и Нина и Виктор посебно му се радуваат, па не ја пропуштија приликата да се пофалат со него.

Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска

Имено, станува збор за свадбено патување низ Шампања во Франција, еден од најпознатите вински региони во светот.

Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска

А колку новопечените брачни другари му се радуваат на ова патување, кажуваат и нивните насмевки на фотографиите.

Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска

Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска

„Свадбено патување“, напиша Нина на фотографијата на која се гледа мапата од овој нивен необичен подарок.

Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска

Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска

Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска

Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска

Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button