Реклама
Наши ѕвезди

Нашата позната пејачка се породи и ја објави првата фотографија од породилиштето – на бебето му дадоа преубаво име!

Реклама

Се породи пејачката Сара Мејс…

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Нашата позната пејачка и харфистка Сара Мејс вчера вечерта по втор пат да се оствари во улога на мајка.

Таа веднаш на социјалните мрежи сподели оваа прекрасна вест, а објави и фотографија од новороденчето.

Маркетинг

„Вечерва ќе заспијам пијана од среќа и љубов.. Нема поголемо и повозвишено нешто на универзумов. Фала ви на сите дечки за љубовта и поддршката, ви посакувам сто илјади убавини, среќи, благосостојби и вакви богатства како што добив јас вечерва… Извинете ресторан Хепи ако е лом столчето од водењаков, ќе купиме ново“, напиша Сара на Инстаграм, а потоа откри и дека нејзиниот син ќе се вика Кирил.

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Инаку Сара цело време беше активна на социјалните мрежи, а одвреме-навреме знаеше да ги израдува своите фанови и со фотографии на кои позираше оскудно облечена, покажувајќи го гордо трудничкиот стомак.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Сара пред само неколку дена се фотографираше во разголено издание пред замаглено стакло, а покрај нејзиното тело и во преден план беше и нејзиниот огромен стомак со кој популарната пејачка никого не остави рамнодушен.

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Од нејзините фотографии можеме да забележиме дека таа уживаше во секој момент од бременоста, а со неа ужива и нејзината прва ќеркичка која одвај чекаше да пристигне помалото братче и да и помага на својата мајка.

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Пејачката и неколку дена претходно објави фотографии во костими за капење, откривајќи дека се ближи денот кога ќе се породи.

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Потсетуваме, Сара и нејзиниот сопруг водителот Димитар Атанасовски веќе се родители на малата Илина.

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Сара и Димитар на почетокот од годината ја израдуваа јавноста дека пејачката по втор пат ќе се оствари во улога на мајка, а полот на бебето го открија преку социјалните мрежи, во стилот на светските ѕвезди, отворајќи кутија со сини балони што алудираше на тоа дека Сара е бремена со машко бебе.

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Фото: Инстаграм/ Сара Мејс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button