Реклама
Вирално

Научно е докажано – ако НЕ се омажите до 22 години, вашиот живот нема никаква смисла

Реклама

Претставниците на здружението „Факти што не се битни и ладење на мади*а“ ги објавија во Сараево резултатите од нивното истражување „Положбата на жените во босанското општество и зошто треба да се биде хоризонтален“ на прес-конференција во Стариот Град.

„На овој начин само сакавме да им укажеме на нашите драги дами, ма колку феминизмот и да е во залет и колку да се трудите вие да бидете напредни и самостојни, сепак, главна и основна цел во вашиот живот треба да биде да се омажите, да родите и да создадете потомство.“

Маркетинг

„Западот сака да го уништи сето она што жената ја прави жена и ваквото наше мислење навистина го потврдивме со опсежно истражување кое што го спроведовме на десетина мажени и немажени жени. Истражувањето ни потврди дека овие немажените се нервозни, плачливи, нерасположени и дека потполно имаат тажен живот. Овие мажените не се многу расположени, но барем имаат сопруг на кој можат да му се извикаат, а тоа ќе признаете, е голем плус, предност и благослов“, изјави за порталот Сатро.инфо претседателот на ова здружение, Хариз Захриага.

Инаку, жените не учествуваа на прес-конференцијата бидејќи претставниците на ова здружение сметаат дека жена што седи на маса е знак на лоша среќа.

Маркетинг

„Ние сакаме нашите драги девојки да сфатат дека филмовите, сертификатите и работата се трендови на кои ќе им помине времето, а децата, мажите и миењето чорапи се вечни приоритети. Така било отсекогаш и така ќе биде секогаш. А вие драги дами ако сакате да ве гледаат попреку на семејните ручоци останете самостојни“, додаде Захриага за крај.

Текстот е од сатиричен карактер чија цел е да ве развесели и насмее во овие тмурни, луди времиња. Целосно е преземен од порталот satro.info, а бидејќи сметаме дека е потполно соодветен и за нашите околности, решивме да го пренесеме. Доколку не ви изгледа смешно, ви се извинуваме што не сме во состојба да ви помогнеме…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button