Реклама
Вирално

Научниците открија нов симптом на корона: Досега поминуваше незабележано, а се јавува кај постарите лица

Реклама

Делириум е чест симптом кој се јавува кај постарите пациенти кои во болница се лекуваат од ковид-19, рекоа експертите.

Делириумот се дефинира како ненадејна конфузност, изменета свест и нарушување на однесувањето. Може да влијае различно – кај некои луѓе ќе ја наруши способноста за јасно размислување, а кај други ќе доведе до нарушување на ориентацијата и перцепциите.

Маркетинг

Во некои тешки случаи заболените може дури и да халуцинираат.

Научниците од Универзитетската болница Свети Винсент од Даблин делириумот, метафорички го нарекоа како “дел од слагалица, која недостасува во откривањето на болеста ковид-19“.

Маркетинг

Раните истражувања покажуваат дека меѓу 20 и 30 отсто од сите болни кои се позитивни на корона развивале делириум или промени во менталниот статус додека се во болница, а тој број во посебно тешките случаи се зголемувал на 60 до 70 проценти.

Делириумот почесто се јавува кај постарите пациенти

Џогдип Деси, доктор од фондацијата „Guy’s and St Thomas“ NHS Foundation Trust, држел говор на една конференција на тема делириум, симптом кој ги погодува постарите лица инфицирани со новиот вирус, кога рекол дека почесто се појавува ова нарушување но во поголем број случаи поминува незабележан.

„Атипични симптоми често се единствени знаци на зараза со корона кои се јавуваат кај третина од постарите пациенти. Атипичните симптоми на инфекцијата вклучуваат анорексија (која веројатно е манифестација на делириумот поради намалената желба за храна) и конфузија. Постарите лица не развиваат секогаш типични симптоми како кашлање или губење на сетилото за вкус или мирис, истакнува професорот Адам Гордон од Универзитетот во Нотингем“.

Научниците од Империјал колеџот во Лондон прегледале 394 корисници и 70 вработени од четири старечки домови во централен Лондон, во кои се појавила инфекција од коронавирус.

Двајца од пет корисници (40 отсто) се позитивно тестирани, од кои нешто помалку од 18 отсто имале само атипични симптоми.

Анорексија и „збунето или изменето однесување“ биле статистички значајни симптоми кај корисниците.

Кралскиот колеџ на психијатри го препознава делириумот како потенцијален симптом на коронавирусот кој „може да претставува одредени предизвици во контекст на кризата со ковид-19“.

Инфекциите се честа причина за настанување на делириум, како и промена на околината или намалено ниво на кислород во крвта.

Делириумот може да се појави кај секој пациент, од било која возраст, и многу често се јавува во постоперативниот период.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button