Реклама
CelebrityTVВирално

„Му реков дека сум бремена од друг, тој се шокираше“: Ѕвездата на Гранд не може да си го прости тоа што му го направи на партнерот

По девет години не успеале да добијат дете...

Реклама

Билјана Сечивановиќ денес ужива во семејниот живот и славата но животот до пред неколку години и бил многу тежок.

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Билјана порасна со нејзината сестра во село во близина на Чачак. По средното училиште заминува во Австрија, каде завршува курс по маникир, но големата љубов кон музиката ја носи во потполно друга насока. Таа со години ќе настапува во дијаспората, а потоа реши да си ја проба среќата во музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Билјана ја помина аудицијата, но не стигна до самото финале, а истата сезона победи Дарко Лазиќ.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Пред да го основа семејството, Билјана поминала низ бројни романтични бродоломи а среќата ја најде покрај својот сопруг Александар Недиќ, со кој се омажи во 2020 година.

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Пред да го основа семејството, Билјана поминала низ бројни романтични бродоломи.
„Љубовта кон музиката ми ја разбуди еден хармоникаш со кој еднаш настапував, поради него почнав да пеам. Тоа беше мојата прва љубов, голема и заедничка, тој ми беше дечко. Го чекав да се врати од војска, го посетував секој втор викенд во Зајечар. Се обожававме. За жал, на неговите родители им пречеше тоа што бев пејачка, не ме сакаа, иако веридбата беше веќе договорена. Се разделивме по три години. Ужасно ми беше тешко, ронев солзи, ми требаше многу време да го преболам. Тогаш си реков дека никогаш нема да сакам никого без граници, дека нема да дадам се од себе, ќе оставам простор за повлекување. Отидов во Австрија и таму доживеав нова љубов. Беше и момче од бендот, клавијатуристот Бојан но и таа врска не успеа“, изјави пејачката во една прилика кога се присети како таа и Бојан сакале да основаат семејство, но нејзиниот живот тргнал во друга насока:

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

„Сакавме дете, се трудевме, но безуспешно. Имав операција на јајниците и матката, многу компликации. На крајот му реков: „Оди, најди некоја што ќе ти роди син“. Се разделивме по девет години. Гинекологот постојано ми велеше да го сменам момчето. Кога престанав да го земам лекот и сè потона, сретнав човек кој не е од музичката приказна и забременив со него. Плачев и се запрашав, дали е можно ова да ми се случува? Не успеав да му дадам син на човекот што го сакав и посакував, а сега сум бремена со друг. Бев ужасно тажна, ми беше тешко, а сè уште работев со бендот во кој беше Бојан. Кога им кажав дека ги оставам затоа што сум бремена, тој буквално се онесвести“.

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Во осмиот месец од бременоста морав да се вратам во Австрија бидејќи според законот морав да бидам блиску до болницата каде што потпишав да се породам. Во деветтиот месец сама го кречев станот, ми помогна Бојан, мојата поранешна љубов рече Билјана Сечивановиќ.

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Гранд ѕвездата Билјана Сечивановиќ живее со својот долгогодишен партнер Александар Недиќ.
Пејачката и новопечениот сопруг живеат со децата од нивните претходни емотивни врска, – нејзиниот син Матерј и неговата ќерка Николина.

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Билјана синот Матеј го доби со бизнисмен од Австрија, кој ги оставил кратко откако дознал дека пејачката е бремена.

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button