Реклама
Интервју

Моника Зец: „Кога човекот ќе почне да ужива во малите работи и да ги живее истите тогаш е навистина среќен“

Реклама

Откако станала мајка целиот свет и се променил. Мајчинството ја поттикнало на целосна трансформација. Моника Зец по професија е графички дизајнер која неодамна го креираше и својо блог каде го искажува својот став и своето мислење. За инспирацијата, блогот како и за мајчинството прочитајте во нтервјуто…

Што ве инспирираше да направите блог?

Потребата да го искажам својот став и своето мислење, се со цел да го споделам моето искуство. Искуство кое што можеби ќе помогне некому. Знаете ние сите сме целосно различни. И секој работите ги доживува на уникатен начин. Но исто така сметам дека многу често поминуваме низ истите работи, истите проблеми, и доколку некој се пронајде себе си, можеби ќе го пронајде одговоро на неготово решение.

За што најмногу сакате да пишувате?

За темите за кои што многу ретко се зборува а сите ги поминуваме. Теми кои што можат многу да не научат. Теми кои што не тераат на личен раст и развој.

Маркетинг

Менталното здравје. Мајчинството. Домот. Бракот. Семејството.

Што значи да се биде жена денес, и дека сите тие притисоци кои што самото општество ни ги наметнува е време да ги тргнеме.

Како настана приказната рачно да создавате детска облека?

Од огромната желба да го имам она што кај нас го нема. Јас по професија сум графички дизајнер. И уметноста е огромен дел од мене. Но исто така сум љубител на се што е минимално. Па секогаш кога и да барав гардероба за ќерка ми, речиси никогаш не можев да го најдам она што јас го замилсував, што го сакав. Па така решив дека е време да почнам да го создавам она што недостасува кај нас.

Колку кај нас се цени и вреднува рачната изработка?

Не доволно, но се цени многу повеќе отколку што мислиме. Свеста на луѓето почнува да се крева кај нас, и тоа е многу добар знак. И верувале или не се почесто има луѓе кои што тоа го препознаваат и мене тоа искрено премногу ме радува. Кога некој ќе сподели колку многу е задоволен од нешто што јас го правам тоа значи СЕ! Тоа е главната мотивација за да продолжиме напред. Не само јас, туку и сите кои што се бават со ова.

Ве инспирираше ли нешто посебно во овој период, нов начин на живот за сите нас?

Уф да. Желбата за посреќен живот. Желбата за позадоволен живот. Желбата да нешто се превземе и да се прави, наместо да се зборува. Знаете на човекот не му треба многу за да живее среќно. И кога човекот ќе почне да ужива во малите работи, и да ги живее истите тогаш е навистина среќен. Но не можеме да живееме среќно ако постојано тапкаме во место.

Каков тип на облека ве опишува?

Минималистични и удобен. Удобноста ми е на прво место. Поготово откаоко станав мајка. Спој на некој vintage момент, со модерно.

Колку и како ве промени мајчинството?

ПРЕМНОГУ! Премногу. Не можам ни да објаснам колку многу. Најголемата трансфромација која што сум ја доживела до сега е благодарение на мајчинството. Секое дете за мене лично е огромна прилика да научиме нешто ново, прилика да бидеме подобри од вчера. Секое дете ни е нам најголем учител. И искрено верувам дека децата нас многу повеќе можат да не научат отколку ние нив. Но можат да го научат само оној што сака да учи.

За мене лично, родителството е огромна работа на себе. Колку што е работа со детето толку и е огромна работа на себе. Зошто на крајот на денот еден родител игра најголема улога во животот на едно дете. И ако таа улога ја сфатиме најсериозно и ја одиграме најсвесно, мислам дека сме го направиле нашето ремек дело.

Кое е вашето животно мото?

Those who don’t believe in magic will never find it. Магијата е секаде околу нас. Само треба да ја погледнеме и да ја цениме. Магијата може да е насмевка на едно дете. Едно растение кое што расте. Една прегратка од партнерот. Една голтка од кафето. И така натаму. Само оној што вистински верува во истата може да ја види. Буквално.

Како ќе ја паметите 2020?

Трансформација. Во секоја смисла на зборот. Но година за паметење. Година која што мене лично ме научи многу.

 

Поврзано

Back to top button