Реклама
Вирално

Молитва за оние кои имаат финансиски проблеми: Побарајте помош од оваа светица- верниците велат дека се случуваат чуда!

Сите животни проблеми со помош на молитвата може подобро да се надминат...

Реклама

Молитвата е разговор на човечката душа со Бога. Она што е воздухот за телото, тоа е молитвата за човечкиот дух.

фото илустрација

Вистински се моли само оној човек што верува во Бога и во Неговата безгранична добрина; кој ја чувствува својата зависност од Него.

Маркетинг

фото илустрација

Оние кои веруваат во Бог, сметаат дека сите животни проблеми со помош на молитвата може подобро да се надминат. Меѓутоа, треба да знаеме и кон кој светец треба да се обратиме кога ќе западнеме во одредени тешкотии.

Маркетинг

фото илустрација

Молитвата кон Света Ксенија Петроградска најмногу им помага на луѓето кои немаат пари, кои се невработени или имаат љубовни проблеми.

фото илустрација

Во продолжение прочитајте ја молитвата на Света Ксенија Петроградска:

„О, света преблажена мајко Ксенија! Живееше под засолништето на Севишниот, водена и заштитена од Богородица.

фото илустрација

Издржа глад и жед, студ и жештина, навреди и прогонства, од Бога го прими дарот на прозорливост и чудотворство и под заштита на Семоќниот најде одмор. Сега Светата Црква те прославува како миризлив цвет кој стои на местото на твојот погреб, пред твојата света икона и ти се молиме: прими ги нашите молитви и принеси ги на престолот на Милостивиот Небесен Татко и имајќи смелост пред Него, моли за вечно спасение на оние што доаѓаат кај тебе, изобилство благослови за нашите добри дела и страдања и избавување од сите несреќи и таги.

фото илустрација

Спаси не со твоите свети молитви пред Престолот на нашиот Семилостив Спасител, нас недостојните и грешните.

фото илустрација

Помогни, Пресвета Богородице Ксенија, децата да бидат осветлени со светлината на Светото Крштение и запечатени со печатот на Светиот Дух, момчињата и девојчињата да се воспитуваат во вера, чесност и побожност и да имаат успех во учењето, болните а слабите да се исцелат, да има семејна љубов и слога , удостои ги монасите да се трудат со добри дела и заштитувај ги од навреди, укрепи ги пастирите во добродетелта на Светиот Дух, одржувај го нашиот народ и земја во мир и спокој и помилувај ги тие кои се лишени од причестувањето во Светите Христови Тајни.

фото илустрација

Ти си нашата надеж и верба, брзо услишување и остварување, ти благодариме и со тебе ги славиме Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин!“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button