Реклама
Наши ѕвезди

Мики ова не го очекуваше – она што му го направи Саша Поповиќ нема никогаш да му го заборави (видео)

Неговата реакција кажува сé, беше изненаден...

Реклама

Поповиќ се пошегува на сметка на еден од кандидатите

Во последната емисија од „Ѕвездите на Гранд“, Мики Секуловски настапи во дуел со Алмир Делиќ. Тие и двајцата беа одлични, но сепак жирито му даде предност на Мики со еден глас повеќе.

Имено, Мики ги освои сите шест гласови, додека неговиот колега замина во бараж со еден глас помалку.

Маркетинг

По нивните настапи следуваа коментарите на жирито, а сите беа согласни дека и двајцата се одлични пејачи.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Она што исто така беше интересно што нивниот дуел со кој и започна емисијата всушност беше и дуел помеѓу народната и рок музиката.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Но овој пат победи рокот, што ретко се случува во ова шоу, а за тоа секако најзаслужен беше шармантниот велешанец.

Интересен беше и моментот кога Саша Поповиќ излезе на сцената и го зеде микрофонот од Мики, па во шега покажа како тој изгледал кога прв пат излегол на сцената, а како изгледа сега.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Наводно Мики првиот пат се појавил со брзи чекори на сцената, како да се шета низ чаршија, а на пред милионската публика, и воопшто не заинтересиран за сето она што се случува околу него, додека сега се појавил крајно ноншалантно и полн со самодоверба.

„Е така излезе на сцената. Баш го гледав… Мики сега си ѕвезда, но само полека“, му порача Поповиќ.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Мики цело време се смееше додека тој го имитираше пред камерите, а како изгледаше овој момент, погледнете во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button