Реклама
CelebrityTV

Медиумите ги разведуваа а Карлеуша кажа колку и значи Душко- “Би го дала животот за него”

Пејачката изјави љубов...

Реклама

За бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се пишуваат разни шпекулации, но поп дивата и фудбалскиот менаџер ретко се огласуваат во јавност.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Тие важат за еден од најинтригантниот пар на јавната сцена.

Маркетинг

Карлеуша пред извесно време зборуваше за нивната врска, а потоа им даде до знаење на сите колку го сака.

Маркетинг
фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Со Душко сме заедно 15 години. Веќе престанавме да славиме затоа што по 15 години некако станува нешто што не се слави. Како твојот роденден, кога ќе наполниш 40. Мислам дека, кога е Душко во прашање, тој најмногу ме сака без шминка, без додатоци што ја валкаат маицата, кошулата, лицето, навлаката за перница… а тоа е најважно за една жена, мажот што те сака да те сака онаква каква што навистина си. Затоа што ова, ова не сум јас, ова е моја работа. Јас лично и професионално воопшто не сме иста личност – истакна Карлеуша во една прилика.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Никој не е совршен, нема совршен. Не сум совршена. Сите ние имаме недостатоци, а јас имам најмногу. Поентата е да прифатиш некого и да сакаш некого со сите тие маани. Ако го барате идеалот, тешко е да го најдете. Ако премногу филозофирате, ќе останете сами. Треба само да најдете рамнотежа, за добрите работи да бидат поизразени од лошите и да поработите на тоа, на комуникацијата. Понекогаш недостатоците можат да бидат многу интересни. Моите се многу се**и… – рече таа.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

На прашањето да наведе една од маните кои се привлечни, таа одговори:

фото инстаграм/Душко Тошиќ

– Јас на пример знам да бидам многу разгалена… Мажите генерално преферираат разгалени, отколку оние кои сами ќе ги носат сите чанти. Знам да бидам принцеза, колку и да го нервира тоа Душко, но и нему му е многу слатко и смешно.

фото инстаграм/Jeлена Карлеуша

– Кога луѓето се тука за добро или за лошо, кога сакате да го дадете животот за некого, тогаш тоа е вистинската работа. А, тој што ти се допаѓа на Инстаграм, не сакаш да го дадеш животот за него. Можеби ќе му дадете нешто, но не сè.  А ова е некој за кого би го дала животот – истакна Карлеуша пред две години.

фото инстаграм/Jeлена Карлеуша

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button