Реклама
Новости

Мама-инфлуенсерка ги шокираше сите со својата искрена исповед на Инстаграм – „Користев кокаин за да бидам слаба“

Реклама

Поранешниот австралиски модел, а денес мама инфлуенсерка, Руби Метјус ги шокираше своите обожаватели со нездравиот начин на живот што го водела за да остане слаба.

„Јас консумирав кокаин, пушев цигари, пиев многу кафе и диетални газирани пијалаци”, напиша таа на нејзиниот профил на Инстаграм, а пренесе news.com.au „Јадев и тапас (мали вкусни закуски) . Мојот живот се состоеше од тапас и кокаин “, објасни 25-годишниот модел.

Маркетинг

Нејзините обожаватели беа заинтересирани како таа ја одржувала својата тежина од 54 килограми. „Многу луѓе не разбираат дека можат да јадат, и во исто време да бидат и слаби. Многу е лесно да се сокрие зависноста, и на луѓето тоа не им е јасно. Ова истото важи и во случај на зависност, депресија и вознемиреност “, вели Метјуз. Таа тврди и дека не е единствената која водела толку нездрав животен стил, и дека тоа е вообичаено кај моделите и познатите ИТ девојките кои се влијателни на социјалните мрежи.

Маркетинг

„Морам да внимавам што ќе кажам, но во индустријата за ’инфлуенсери’, секој сака кокаин. Значи, повеќето од нив ја одржуваат линијата со него, па затоа го правев тоа и јас“ , вели таа. Но таа го променила 100 % нејзиниот живот откако пред неколку години дознала дека е во блажена состојба.

 

„На почетокот не знаев дека сум бремена. Бев премногу слаба, многу излегував и никој не мислеше дека би можела да останам во блажена состојба “, призна таа во видеото што го објави. Таа денес е мајка на две деца и често објавува фотографии од нејзините синови, Марс и Рокет. Тоа денес има десет килограми повеќе отколку пред раѓањето на децата.’

„Која разликата ја прават само четири години … Јас веќе немам желба да изгледам слаба. Од моделот се очекува одреден изглед. Гледам работите бавно се менуваат, но мислам дека е лудо да се користи терминот плус-сајз. Зарем не може моделите да бидат со сите облици и големини?” заклучува таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button