Реклама
Наши ѕвезди

Македонскиот пејач си ја отвори душата и проговори за ужасот низ кој поминал: „Имав почетна фаза на канцер“

Реклама

Еден од ретките бендови во Македонија, кои неуморно работат и вложуваат во својката кариера е Либеро бенд. И во време на карантин, додека сите беа затворени дома, момците не престанаа со работа на своите песни во студио.

ФОТО: Иван Јованов / Инстаграм

Прво објавија преработки на познати хитови од Балканот и привлекоа големо внимание во јавноста, не само во Македонија, туку и во регионот. И тоа не е се, тие одлучија да снимат и нешто ново од нив, па ја пуштија во етер новата песна „Дел по дел“.

ФОТО: Иван Јованов / Инстаграм

Фронтменот на бендот, пејачот Иван Јованов, со својот изглед и талент ги освојува женските срца. Многу малку зборува во јавноста за приватниот живот.

Маркетинг
ФОТО: Иван Јованов / Инстаграм

Она што ѝ е познато на публиката е единствено дека е во врска со 10 години помалата пејачка Антониа Гиговска. На почетокот тие ја криеја својата љубов од очите на јавноста, но сега на големо споделуваат заеднички фотографии на друштвените мрежи.

ФОТО: Иван Јованов / Инстаграм
ФОТО: Иван Јованов / Инстаграм

Парот е скоро две години во врска, а на нивната љубов може секој да позавиди. Секогаш складни и насмеани, се гледа дека уживаат, а често и на социјалните мрежи си посветуваат емотивни објави.

Маркетинг
ФОТО: Иван Јованов / Инстаграм
ФОТО: Иван Јованов / Инстаграм

„Се сеќавам, беше многу оддамна. Имаше искри помеѓу нас и тогаш, но само оддалеку. Не знаевме дека ќе бидеме заедно, дека обајцата сме исти во секој поглед, не само затоа што двајцата мечтаеме за (музиката и пеењето), туку изаради нашите сродни души. Немав прилика за ова… Јас само ова го чувствувам од ден на ден. Како и првиот ден. Те сакам“ – напиша Гиговска во опис на една нивна фотографија.

ФОТО: Иван Јованов / Инстаграм
ФОТО: Иван Јованов / Инстаграм

Малкумина знаат дека Иван поминувал низ еден многу тежок период во животот. Болеста која ја имал била опасност и за неговата професија.

Овој пат одлучи да си ја отвори душата и отворено да зборува за она низ што поминал и што му го променило животот.

ФОТО: Иван Јованов / Инстаграм
ФОТО: Иван Јованов / Инстаграм

„Пред 2 години имав операција на грло, односно имав почетна фаза на кaнцер – лeукоплaкија. За среќа се помина во најдобар ред, но најтешки ми беа моментите кога бев во исчекување на резултатите. Тој стрес не го посакувам никому!

Музичар да слушне такво нешто е исто како на фудбалер да му кажеш дека треба да му се иceчат нозете. Она што е “интересно” е дека со такво болно грло пеев 4 месеци и не дозволив никој да забележи дека имам некаков проблем. Со горенаведеното беа запознаени моите најблиски и неколку колеги, а сега и вие“, кажа Иван за Моментт.мк

ФОТО: Иван Јованов / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button