Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда со песната „Зајди, зајди“ го воодушеви Балканот, а и „Робиња“ звучеше генијално

Никого не остави рамнодушен

Реклама

Младите пејачки Андријана Петрушовска и Николина Перковиќ направија вистински спектакл во „Ѕвездите на Гранд“.

Тие настапија во дуел, а за нивните брилијантни настапи се уште се зборува. Скопјанката Андријана ги освои сите шест поени и директно се пласираше во следниот круг, додека Николина, која е во тимот на Ѓорѓе Давид, тоа го направи од бараж.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Блескаше на сцената

Пејачката од Македонија никого не остави рамнодушен како со својот глас, така и со изгледот, а тоа го потенцираше и Вики Миљковиќ која ѝ порача дека ова било најубавото нејзино издание.

„И двете песни ги испеа фантастично. Секогаш изгледаш добро, но вечерва посебно блескаше. И двете песни ги испеа фантастично, дури и се наежив. Сите пофалби. Заслужи и повеќе од ова“, изјави Вики.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Од друга страна, Драган Којиќ Кеба имаше збор-два критика и за двете пејачки, но со него не се согласи Марија Шерифовиќ.

Таа најпрво порача да му дадат список пред емисија, но и да оди на Јутјуб и да види како некој пеел некогаш, а како сега.

„Првата песна Андријана, ја отпеа одлично. Можеби не пееше како Шабан Шаулиќ, но ова беше добро. Андријана е поп пејачка и ова беше одлично“, истакна Мара, по што настана расправа околу изведбата на Андријана на популарната македонска пена „Зајди, зајди“.

Но оваа расправа веднаш ја прекина Саша Поповиќ кој исто така се согласи дека настапот на Петрушовска беше фантастичен.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

На крај со огласија и менторите

Ѓорѓе напомена дека неговата кандидатка била страшно болна, но не заборави да и честита и на Македонката.

Од друга страна Александар Милиќ Мили кој и е ментор на Андријана истакна дека гледа неверојатен напредок кај неа.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Тој ја пофали и за изборот на песните, посебно што сама ги избрала, иако тој на почетокот не се согласувал со неа и ја советувал добро да размисли бидејќи станува збор за навистина тежок избор.

Но пејачката покажа дека била во право, а како звучеше и зошто сите беа воодушевени од неа погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button