Реклама
Интервју

Катерина Попева: За челична надворешност треба и челична внатрешност

Реклама

Гламур интервју со Катерина Попева

Денот и започнува во 5:30 наутро со чаша топла вода со лимон, потоа го подготвува првиот протеински доручек заедно со шолjа кафе и започнува со утрински  кардио тренинг . Таа е челична дама кој  има голема љубов кон фитнесот,  разговараме со Катерина Попева шампион во бодифитнес, тренер и моден дизјанер.

Маркетинг

Однадвор челична дама, со совршено обликувана фигура? Кажи ни накратко која е Катерина?

За челична надворешност треба и челична внатрешност:)) По професија моден дизајнер со голема љубов кон фитнесот и бодибилдингот, храбра, истрајна , сочувствителна и сакам да им помагам и да ги мотивирам луѓето да ја постигнат својата цел и да излезат од својата комфорна зона, бидејќи тука почнува животот.

Маркетинг

Како ти започнува денот?

Денот ми започнува во 5:30 наутро со чаша топла вода со лимон, потоа го подготвувам првиот протеински доручек заедно со шоља кафе. Доколку  сум во натпреварувачки подготовки денот ми започнува со утринско  кардио тренинг и потоа заминувам на работа.

Од каде љубовта во бодибилдингот?

Завршив во средно Уметничко училиште во кое немаше спортска сала и часовите по физичко ги одрржувавме во фитнес и бодибилдинг клуб. Тука ми се јави љубовта кон бодибилдингот, што значи вежбам од свои 14 години.

Како изгледаат тренинзите, и кој ти е најголем мотиватор?

Јас вежбам 5 пати во неделата и во зависност од тоа дали имам некој натпревар и што сакам да постигнам го дозирам и кардио тренингот. Кога течат подготовките вежбаме и 6 пати неделно па и два пати во денот. Освен мојата голема љубов кон овој спорт најголема мотивација ми е мојот тренер и ментор Мирко Петровски. Тој ме води низ целиот процес во текот на целата година. Тоа е една голема поддршка без која како натпреварувач и тренер  не би била ова што сум.

Дефинитивно си пример за посветеност и упорност ти си шампион во бодифитнес,Раскажи ни како течат подготовките пред настапот дали тренинзите се поинтезивни, во каква форма треба да е телото?

Тренинзите речиси секогаш се интензивни без разлика дали работиме на зголемување на мускулна маса или ,,чистење,, ова е термин кој се употребува во бодибилдинг светот. Секој тренинг  и циклус си носи  тежина на свој  начин. Се разбира пред натпреварите е доста понапорно бидејќи тогаш конзумираме многу помалку јаглехидрати и сме во калориски дефицит. Мене искрено не ми е омилен процесот  кога треба да качувам мускулна маса, повеќе сакам  кога се чистам и сум на диета.  Не е лесно да ја изедеш цела таа храна и да се носиш со таа телесна килажа?, но како и да е покрај се , ги сакам  сите циклуси и процеси на подготовките, уживам во целото патување. Во тоа е убавината на овој спорт. Ова е животен стил кој го живееме 365 дена. Да се чувствуваш удобно кога ти е неудобно.Секоја категорија си има свој изглед, своја рамка и телото треба да ја прати таа рамка. Се разбира тој изглед кој го имаме тогаш со таа сепарација на мускулите е стриктно само за на сцена. Со малку повеќе телесни  масти телото може да се одржува во текот на целата година и да се изгледа фит.

Како изгледа едно твое дневно мени? Што најчесто јадеш?

Во текот  на денот треба да  ја внесеме зацртаната  количина на протеин и заедно со тоа многу зеленчук а помалку  овошје. Внесот на јаглехидрати и масти зависи од тоа во која фаза сум од подготовките. Јадам 4 до 6 оброка во текот на денот исто така зависно од фазата на подготовки. Секогаш во исто време,никогаш не прескокнувам оброци и пијам по минимум 3,5 литри вода. Внесувам дополнително витамини, минерали и есенцјални аминокиселини кои му се потребни на организмот. Се разбирa  понекогаш се частам со еден ,, cheat meal”.?

Дали кај нас жените водат сметка за својот изглед и здравје преку редовна физичка активност?

Се повеќе и повеќе жените кај нас водат грижа за својот изглед и здравје , и се повеќе се зголемува свеста дека треба да се има редовна физичка активност што искрено многу ме радува.

На твојот Инстаграм профил може да се видат видеа на кои вежбаш на отворено.Кое ти е омилено место за тренинг во Скопје и во кој дел од денот имаш најмногу енергија?

Да јас понекогаш го правам кардио тренингот на отворено. Најмногу уживам кога одам на одмор и рано наутро вежбам на плажа. Во Скопје омилено место за отворен тренинг ми е Водно или Градскиот парк.Најмногу енергија имам наутро. Јас сум ранобудник и така одлично функционирам. Мозокот и телото најдобро ми работат наутро. Исто така со работа започнувам во 6:30.

 Катерина покрај тоа што си фитнес инструкторка , се занимаваш и со моден дизајн кажи ни нешто повеќе за оваа втора љубов?

Јас со модниот дизајн се бавам  уште од свои 17 години. Секогаш паралелно сум вежбала што значи нема прва или втора љубов. Уживам во двете професии на свој начин. Сега во моментов не работам на ниеден моден проект бидејќи сметам дека уметноста во нашата држава  е на едно многу ниско ниво. За понатаму се уште немам никакви планови, можеби спортска линија.Во моментот сум повеќе посветена на спортот. Како и да е овие две професии се различни а сепак  толу слични. Како и да е и во модата и во фитнесот се грижам за изгледот на другите.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button