Реклама
Наши ѕвезди

Касандра како вчера да се прошета низ битолскиот Шарен сокак – ПОГЛЕДНЕТЕ, нема да ви се верува како изгледа денес

Реклама

Познатата актерка која се прослави во улогата на Касандра му посака добредојде на месецот декември.

Фото: Принтскрин

Кралицата на шпанските серии, Кораима Торес, и покрај големите проблеми низ кои минува целиот свет заради епидемијата со вирусот корона, се надева дека овој месец ќе ни биде подобар на сите.

Нека биде ова месец полн со насмевки. Врвови и уште повеќе врвови“, напиша Касандра испраќајќи им бакнежи на своите фанови.

Маркетинг

Еве како изгледа таа денес:

Фото: Инстаграм/ Кораима Торес

Од нејзините фотографии и видеа што ги објавува на социјалните мрежи можеме да видиме дека изгледа како да се замрзнала во времето – многумина би кажале дека воопшто не е остарена, и дека изгледа како и пред речиси три децении кога беше во посета на Македонија.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Инаку, Касандра кога беше на врвот на својата кариера, заедно со Ранду го посетија Градот на конзулите.

Фото: Принтскрин

Таа беше главната хероина од серија што ги празнеше улиците во нашите градови, но кога се појави во Битола, нема некој што остана дома. Кога венецуелската актерка се појави на плоштадот, никој не можеше да остане рамнодушен, а актерите беа воодушевени од дочекот на Битолчани. Како тоа изгледаше можете да видите низ објективите на Димитри Гина, фотографот кој го овековечи овој необичен момент.

Од фотографиите што Касандра денес ги објавува на социјалните мрежи можеме да видиме дека таа навистина не е променета многу, но и да ја откриеме тајната за нејзиниот беспрекорен изглед. Имено, таа не ретко објавува фотографии од кои можеме да видиме дека редовно вежба, но и дека квалитетно и здраво се исхранува.

Фото: Инстаграм/ Кораима Торес

Таа денес со своето семејство живее во Колумбија каде има скромна актерска кариера во споредба со минатото.

Фото: Принтскрин

Касандра е во среќен брак од 1996 година и е горда мама на својот Ману Николас.

Фото: Инстаграм/ Кораима Торес

Серијата Касандра беше првата латиноамериканска теленовела прикажана кај нас која привлече огромно внимание и за која до ден денес се зборува, особено помеѓу постарата генерација. Серијата имаше 150 епизоди, а последната епизода се снимаше во 1993-та година, и набрзо потоа влезе во Гинисовата книга на рекорди како најгледана и најпродавана серија.

Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес
Фото: Инстаграм/ Кораима Торес

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button