Реклама
Стил

Каролина Гочева повторно ги остави сите без здив – си блескаше цела вечер, никогаш не била позгодна!

Пејачката носеше креација од позната македонска дизајнерка

Реклама

Каролина во провокативно издание…

Битолчанката Каролина Гочева повторно ги остави скопјани без здив кога на својот настап се појави во фустан во кој блескаше.

Таа за оваа пригода избра тесен фустан во розова боја, а кусото здолниште во преден план ги истакна нејзините витки нозе.

Маркетинг

Гочева заедно со својата публиката ги пееше најголемите хитови од своите осум студиски албуми, а многумина беа воодушевени и од креацијата што ја носеше со која посебно предизвика големо внимание како кај жените, така и кај мажите.

Маркетинг
Инстаграм/ Каролина Гочева

Пејачката никогаш не изгледала позгодно

Згодната битолчанка едноставно ги маѓепса сите со своето едноставно, но впечатливо издание со кое блескаше на сцената.

Инстаграм/ Каролина Гочева

Таа беше одлично расположена, а во тесниот фустан што го носеше изгледаше како најпознатите манекенки на модните писти.

Инстаграм/ Каролина Гочева

Кусиот фустан ги откри совршените нозе на Каролина

Потсетуваме, Каролина и неодамна на социјалните мрежи ги изненади сите со уште едно свое беспрекорно издание за кое се уште се зборува, а во кое носеше креација со потписот на истиот бренд.

Инстаграм/ Каролина Гочева

Имено, таа тогаш позираше во гламурозен фустан од проѕирна ткаенина кој беше украсен со каменчиња, а кој чини околу 1250 евра.

Инстаграм/ Каролина Гочева

Во прашање е креација која е дел од колекцијата „Midnight glamour”, инспирирана од златниот период на Холивуд, а со потписот на македонската дизајнерка Моника Димова која воедно е и креативна директорка на истоимениот бренд основан во 2019 година со седиште во Милано.

Инстаграм/ Каролина Гочева

Каролина и пред неколку месеци носеше фустан од истиот бренд

Во прашање е црни мини фустан со асиметричен крој и еден ракав кој завршува со пердуви и светкав мрежест горен дел украсен со рачно везени камчиња. Овој фустан во интернет продавницата на македонската дизајнерка е достапен и во бела верзија, а е дел од колекцијата „Ethereal Dream“ и чини околу 1200 евра.

Инстаграм/ Каролина Гочева

Инстаграм/ Каролина Гочева

Настапот на Каролина за кој уште долго време ќе се зборува

Инстаграм/ Каролина Гочева

Инстаграм/ Каролина Гочева

Инстаграм/ Каролина Гочева

Инстаграм/ Каролина Гочева

Инстаграм/ Каролина Гочева

Инстаграм/ Каролина Гочева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button