Реклама
Наши ѕвезди

Карлеуша ужива во најскапиот ресторан во Дубаи во гламурозна облека од скромни 25.000 евра?!

Зборот „скромни“ секако дека треба да биде во наводници!

Реклама

Јелена Карлеуша повторно ужива во Дубаи

На познатата пејачка ова и е втор пат да ја осети оваа дестинација годинава, на која покрај одморот обожава и да оди во шопинг.

Таа најпрво ги изненади сите со издание од плажата облечена во своето омилено минијатурно бикини, а атмосферата ја подигна со своето провокативно танцување на песни од нејзините албуми „Алфа“ и „Омега“.

Маркетинг

Карлеуша потоа посети еден од најдобрите ресторани во Дубаи, каде Арапите ја пречекаа како кралица и со едно мало изненадување.

Маркетинг
Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Имено, на крајот од вечерта тие и донесоа парче од нивната позната торта на која што стоеше пораката: „ЈК кралица“.

Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Карлеуша привлече внимание и со скапоцениот стајлинг што го избра за оваа посебна пригода – носеше фустан од 1400 евра, а целото издание го заокружи со накит во вредност од неверојатни 21.800 евра.

Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Но ако земеме во предвид дека Јелена и овој пат е сместена во еден од најскапите хотели во Дубаи, каде за десет ноќевања ќе потроши најмалку десетина илјади евра, очигледно дека за неа парите не само што не се проблем, туку таа и максимално ужива кога ги троши.

Инстаграм/ Јелена Карлеуша

И ако во нешто е скромна, тогаш тоа сигурно не е во луксузот, туку во изборот на костимите за капење што ги носи на ова место.

Имено, таа избира минијатурни модели кои одвај имаат материјал да покријат нешто, така што пејачката навистина е „скромна“ кога е криењето на своите атрибути во прашање, што очигледно посебно ги радува нејзините бројни фанови.

А како тоа изгледа во „живо“, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button