Реклама
TV

Карлеуша прв пат јавно прозборе за Душко: Откри дека минувала низ “пекол” додека биле заедно – фановите изненадени ова никој не го очекуваше од него

Вели дека тој е грешка...

Реклама

Откако минатата година призна дека стравува од адвокатот на Душко Тошиќ, поп дивата Јелена Карлеуша не зборува многу во медиумите за приватниот живот и за врската со сопругот.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Таа неодамна на промоцијата на двата нови албума истакна дека „Душко е дефинитивно некој кој е дел од нејзиниот живот“.

Маркетинг

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Но поп дивата во интервју за српскиот портал „Стори“ си ја разголи душата и откри дека тој е „нејзина грешка во живот“.

Маркетинг

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Ако мислите на мајка ми, таа е мојата жива рана која не зараснува. Само што научив да живеам со тоа. Ако мислите на Душко, тој се трудеше да ми ја отежне секоја секунда од животот и да покаже каква животна грешка е тоа, а ако мислите на линчот што го доживувам од време на време од јавноста, тоа го гледам како голема мотивација и инает. Затоа ја има и песната „Минута“ на крајот на која им благодарам на сите! Сето ова што го набројав ме направи толку силна – изјавила ЈК.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Јелена призна дека имала многу болки во животот и дека баладата „Јас“ е полна со автобиографски моменти.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Во мојот живот отсекогаш имало многу болки. Тоа што сум силна жена за јавноста не значи дека ударите не ме повредуваат. И во животот и во љубовта само јас знам да страдам и да стиснам заби, па јавноста мисли дека е нормално да ме напаѓа, линчува. Малкумина ме доживуваат како нежна сопруга и мајка, повеќе сум претставена како вонземјанин во ова наше општество. За жал, животот толку ме зајакна со удари, толку се борев и приватно и професионално што не знам за поинаков начин на функционирање, освен борба. Посакувам мојот живот досега да не беше толку стресен и болен, но тоа е мојата карма. Некој би бил несреќен поради сето ова, но јас избрав да не се предадам. Имам само еден живот и не сакам да бидам жртва, имам ќерки, сакам да им бидам пример како жената се бори и победува, како не се откажува од себе и како е силна и како таа не прифаќа пораз. Песната „Ја“ има силни автобиографски моменти… Слушнете ја внимателно – изјави Карлеуша за „Стори“.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button