Реклама
Вирално

Како до плата од 4500 евра?

Реклама

За плата од 4500 евра потребно е само да имате одредена диплома, неколку години работно искуство, солидно да знаете англиски и – норвешки јазик.

Во оваа земја најбарани се инженери, келнери, готвачи, медицински персонал, воспитувачи за работа со деца во претшколски установи и шофери. Нивните месечни примања можат да бидат и до 4500 евра бруто, што по одбивање на сите порески и социјални давачки ќе дојдете до пристојни 3500 евра месечно, колку што на пример може да добиете за плата како специјалистичка медицинска сестра. Од тие пари, потребно е да изнајмите стан, а познато е и дека храната во Норвешка барем околу 60 отсто е поскапа отколку во Македонија.

Маркетинг

Најсигурен начин да дојдете до некоја од овие работи е преку пријава во некоја регистрирана агенции кои регрутираат работници, но и со подготовки за кандидати за работа во Норвешка.  На овој начин гарантирана ви е редовна исплата, како и сите даночни и социјални давачки во склад со норвешките закони. Во ваквите агенции оние што ќе ги поминат сите потребни проверки, ќе се најдат во базата со податоци и ќе бидат контактирани кога ќе има потреба од работник од нивниот профил. Најчесто станува збор за сезонска работа во угостителските дејности во траење од три до шест месеци, но поради преголемата потреба од медицински персонал и воспитувачки во градинки, овие профили, откако најпрво ќе отпишат договор за пробна работа од една година, можат да бидат вработени и за постојано.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button