Реклама
Наши ѕвезди

Исплови текстот – Луна Џогани својата прва песна му ја посвети на поранешниот? Се огласи и Слоба Радоновиќ!

Реклама

За кого се зборува во нејзината песна?

Победничката на втората сезона од најгледаното ријалити шоу на овие простори „Задруга“, Луна Џогани, одлучи да заплови во музичките води. Во нејзината намера да стане пејачка поранешното момче Слоба Радовановиќ одлучи да и помогне и да ја научи да пее.

Маркетинг

„На Луна и посакувам среќа во кариерата. Ми покажа дека има смисла за шоубизнис, не се сомневам дали ќе успее. Ќе ја научам да пее“ изјави пејачот со кого победничката беше во љубовна врска во првата сезона.

Маркетинг

Нејзината мајка Анабел Атијас откри дека песните на Луна ќе бидат биографски, а според текстот на првата песна „Деветтиот круг од пеколот“, Џогани своето поранешно момче го опишува како грешка и адвокат на ѓаволот.

Но дали станува збор за Марко Миљковиќ или Слоба Радановиќ, младата блогерка се уште не сака да открие.  „Хотелот е темен, тоа е влезот во гламурот, на ѕидовите твои слики, каква некултура. Бакшиш од нула е твоја кула, од овие пиони ти си главен лик. Те прашувам дали може моето тело да седне, душата ми стои бидејќи ролетните се спуштени. Толку пати без адути, за една минута пристига мојата жолта минута. Ајде подигни ме на тронот. И повторно ти, моја грешка, и повторно ти, мојот ѓавол со насмевка. За сите си кул, со сите си другар, адвокат на пеколот од деветтиот круг“, гласи дел од новата песна на познатата блогерка.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button