Реклама
Наши ѕвезди

Исплива стара фотографија од Лазар Бараков, нема да го препознаете – девојките денес би го обожавале

Еве како изгледал познатиот актер кога имал 18 години

Реклама

Ќе се изненадите како изгледал познатиот македонски актер Лазар Бараков пред педесет и повеќе години.

Лазар Бараков важи за еден од омилените македонски актери најмногу познат по неговите улоги во Македонските народни приказни.

Тој е роден во струмичкото село Мокрино и следната година ќе го прослави јубилејниот седумдесетти роденден.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Лазар Бараков

Како филмски актер својата кариера ја започна 84-та година во Македонските народни приказни.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Лазар Бараков

По неговите бројни улоги во овие серии заедно со феноменалната актерска екипа меѓу кои и легендарните Ѓорѓи и Шенка Колозова, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски и мн. други, Лазар ќе им стане омилен на генерации и генерации македонски гледачи.

Фото: Фејсбук/ Лазар Бараков

Пред Македонските народни приказни, има работено на неколку филмски проекти во Белград и Софија, каде беше студент.

Фото: Фејсбук/ Лазар Бараков

Лазар студиите ги започна во Белград, во далечната 1972 година, каде ќе остане две години, па ќе замине во Виена, Австрија.

Токму од ова време на неговиот профил на Фејсбук има и една фотографија, под која Лазар го напиша следново:

„Деветстотини седумдесет и втората, минатиот век, као Белградски ѓак, само два и нешто месеци. Не издржав. Гладни комуњарси години. Фатив џаде, Европа, првиот праг : Австрија – го осетив Рајот , друга планета. Само две години, ….975-та , Софија, друга комуњара, од трн на глог, до 978-мата, ..979-тата, ..мај , …Дипломската во Скопје во Драмски …

Фото: Фејсбук/ Лазар Бараков

Почна неколкугодишна агонија до 1987-та пикна ледот , се роди ТВ филмот “ Марка”.. со сценаристот Васе , со режисерот Стојан и јас – заглавивме во бункер и сеуште сме во бункер во МРТВ. Е*ати среќата….“ напиша Лазар пред неколку месеци кога ја објави фотографијата на својот профил на социјалните мрежи.

Инаку, познатиот актер често објавува фотографии на својот профил на социјалните мрежи, а фотографијата од кастингот за пиратите од Карибите дефинитивно му е една од најјаките.

Фото: Фејсбук/ Лазар Бараков

„Една од Кастинг-снимките од Карибски пирати. Лос Анџелес,…не знам која година“, напиша Лазар под фотографијата со која ги воодушеви своите бројни обожаватели на социјалните мрежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button