Реклама
Наши ѕвезди

Ирена Спировска ни одржа лекција како да носиме панталони од латекс, а да не изгледаме евтино

Реклама

Убавата водителка Ирена Спировска која е позната по своите елегантни и дамски изданија овој пат покажа интересна комбинација со која не воодушеви.

Нашата позната водителка од телевизија Алфа навикнавме да ја гледаме во елегантни фустани или оние кои се припиени за телото, но сега одлучи да ни покаже малку поинакво издание во какво навистина ретко ја гледаме.

Маркетинг

Имено, Ирена носеше тесни латекс панталони во црна боја и бела блуза, а позираше со широка насмевка и нејзината бујна виткана коса која и е заштитен знак.

Фото: Фејсбук

Интересно е што латекс панталоните какви носи Ирена во моментов се еден од најпопуларните трендови во светот, но и во Македонија. Секоја девојка што сака да биде во тренд веќе има набавено едно вакво парче, а неодамна и Ким Кардашијан се прошета во слично издание.

Ваквите панталони се и практичен и смел избор воедно, Но и покрај тоа што се интересни за комбинирање, многу лесно можете да погрешите со нив.

Многу жени погрешно ги носат

Панталоните од латекс и оваа зима се еден од водечките трендови. Но тие истовремено предизвикаа и многу коментари и полемики, посебно затоа што со нив лесно можете да изгледате вулгарно и евтино.

Според модните гуруа со овие панталони е тенка границата измеѓу одличниот и невкусниот стил.

Фото: Фејсбук

Но ова издание на Ирена Спировска е дефинитивно нешто што може да ни биде добар пример.

Имено, женствената бела блуска со проѕирни ракави со точки и чевлите со високи потпетици внесуваат елеганција и грациозност во целото издание, па доколку изберете нешто слично дефинитивно нема да погрешите.

Погледнете уште неколку шик изданија на водителката.

Фото: Фејсбук/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитријевска
Фото: Фејсбук/ Ирена Спировска
Фото: Фејсбук/ Ирена Спировска
Фото: Фејсбук/ Ирена Спировска
Фото: Фејсбук/ Ирена Спировска

Поврзано

Back to top button