Реклама
Наши ѕвезди

Имале леб, кромид и млеко, но и многу повеќе деца – за татковството и животот со Јордан Митев

Македонскиот фолк-пејач Јордан Митев како татко и сопруг, потполно искрено и отворено

Реклама

Она што го кажа Јордан Митев за семејството треба сите да не замисли

Неодамна поразговаравме со пејачот Јордан Митев кој пред неколку месеци се оствари во најважната улога во неговиот живот.

Имено, тој и неговата сопруга Славица во октомври минатата година ја добија ќерката Кристина, па сега пејачот и покрај своите обврски гледа што повеќе време да помине во својот дом, заедно со семејството, кои сега се неговото најголемо богатство.

Маркетинг

Токму затоа и поразговаравме со него за тоа како е да се биде денес родител, но и како се снаоѓа во оваа своја нова улога.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб

Сакавме да дознаеме каков е тој во неговиот приватен живот, кога е со своите најблиски, далеку од публиката и рефлекторите.

И како што самиот вели, во денешно време сé е полесно, па дури и да се биде родител, за разлика од времето на нашите предци.

„Денес има се, и покрај тоа што можеби ние не живееме во најразвиената земја на оваа планета, сепак мораме и да знаеме дека и не живееме во најнеразвиената земја. Далеку сме од совршени, но секој има услови за живот и основање семејство. Прашање е дали се има желба да се преземе поголема одговорност во животот затоа што да се биде родител пред се е голема одговорност и не само тоа, како родител треба да се даде максимална љубов и посветеност на тоа дете“, вели Јордан.

Фејсбук/ Јордан Митев

„Само едно ќе додадам, порано немало ниту доволно храна, ниту развиена медицина, ниту играчки ниту по минимум 1 автомобил во секој двор, ниту луксузни одмори и тн. имале леб, кромид и млеко, па луѓето имале по повеќе деца и денес сме ние наследници на тие генерации кои што живееле и се бореле во тоа време“, вели познатиот пејач за кого родителството е одговорност и кој се труди да и даде максимална љубов и посветеност на својата ќеркичка.

Фејсбук/ Јордан Митев

Шест години го чекале овој момент

Јордан во едно од претходните интервјуа ни откри и дека неговата ќерка е плод на голема љубов и дека цели шест години ја очекувале, но и како се почувствувал кога за прв пат ја земал ќерката Кристина во своите раце и што е она што тогаш го помислил.

Фејсбук/ Јордан Митев

„Тоа е едно неописливо чувство, момент на измешани емоции кога во раце држете една душичка која е создадена од вас“.

„Фала му на Бога. Бидејќи знаете, во денешно време и со стресниот живот кој сите го живееме и проширувањето на семејството прераснува во проблем кај многу луѓе од нашата генерација“, ни откри тогаш Јордан.

Целото интервју со Јордан Митев прочитајте го тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button