Реклама
LIFESTYLEКултура[тор]

Изложба „Емоции за еден град“

Реклама

Во галеријата „Акантус“ денеска ќе биде поставена изложбата „Емоции за еден град“ на дизајнерот Горан Костовски.

Изложбата опфаќа илустрации кои што се цртани во периодот од 2014 до 2017 година.

– Секоја од нив засебно е карактер кој пренесува по некоја мисла за надеж и повторно оживување на самиот град, како и што претставува градот за луѓето и како тие би го подобриле во иднина, вели  Костовски.

Маркетинг

Посочи дека илустрациите се инспирирани од реални ситуации од секојдневието и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички кои што во изминатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани од Еврпската Унија за квалитет на воздухот.

– Загадениот воздух е токму темата која што ќе ја обработува изложбата, а истата е инспирација и за новата капсулна колекција на дуксери која што ќе биде промовирана во рамки на изложбата, истакна Костовски.

Маркетинг

Изложбата ќе биде отворена до 29 јануари 2019 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button