Реклама
Наши ѕвезди

Изгледа исто како на почетокот на својта кариера – македонската пејачка славеше роденден, еве колку години наполни

Честитки пристигнуваат од сите страни, македонската пејачка славеше роденден.

Реклама

Маја гордо откри колку години наполни, а мора да се признае дека изгледа подобро од било кога.

Девојчето со чии песни сите пораснавме, денес е зрела жена, која храбро чекори низ сите животни предизвици.

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

Маја Саздановска е дел од македонската музичка сцена уште додека беше мало девојче.

На само 5-годишна возраст ја снимила првата песна „Глушец ушец“ за детската серија „До ре ми“.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

Маја беше и дел од вокалите кои ја изведуваат најпопуларната песна „Во светот на бајките“.

Несомнено важи за еден од најдобрите вокали кај нас. Но таа повеќе од 10 години апстинира од музичката сцена. Соло кариерата ја стави во втор план.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

Од 2015 работи во Македонската опера и балет, во дирекцијата на операта, како организатор на оперски прашања.

Пред неколку години пејачката се соочи со голема животна трагедија. Згасна животот на нејзиниот сопруг Сашо Лилчиќ и остана сама со својата штотуку родена ќерка Срна.

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

После само 11 месеци од раѓањето на Срна, Маја остана сама со неа. Преку ноќ стана самохрана мајка.

Иако Срна не се сеќава на нејзиниот татко, Маја вели дека секојдневно се труди споменот за него никогаш да не згасне.

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

Срна е нејзината најголема мотивација за да продолжи напред само кон успехот.

Пејачката одлучи да се погрижи и за своето здравје, па ја преполови и телесната тежина со редовно вежбање и здрава исхрана.

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

Денес изгледа подобро од било кога.

Таа на Инстаграм се пофали дека наполнила 40 години, а од фотографиите може да се заклучи дека е среќна и задоволна од себеси.

Погледнете:

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button