Реклама
LIFESTYLEВирално

За оние кои се подготвуваат да заминат на печалба во Германија, еве што ги очекува од март

Реклама

Нов закон за миграција од 1 март 2020 година ќе почне да важи во Германија.

За еден месец почнува да важи новиот Закон за миграција на квалификувана работна сила со кој се менува начинот на кој граѓаните од Западен Балкан ќе одат да работат во таа земја.

Маркетинг

Новиот Закон доаѓа по неможноста на германското стопанство да ги пополни непходните 1.2 милиони слободни работни места.

Ќе има олеснување за вработувањето во Германија за државјаните од земји кои не се членки на ЕУ со тоа што ќе биде укинат на испитот за бенефиции и побрзото доаѓање до виза за престој.

Маркетинг

Од друга страна, постојат и некои ограничувања како што е тоа за лицата над 45-годишна возраст и потребното ниво на познавање на германскиот јазик што може значително да го отежни добивањето на работа во ветената земја.

Германија е една од земјите во Европската унија со законски пропишана минимална плата по час. Таа во моментот изнесува 9.19 евра. Најголема законски пропишана минимална плата по час има Луксембург (11.97 евра), а повеќе од Германија имаат уште четири други членки на ЕУ:

Белгија, Ирска, Холандија и Франција. Најниска минимална плата по час има Бугарија (1.72 евра), а нешто повисока од неа се Летонија, Романија, Унгарија и Хрватска (не заборавајте дека и тука се работи за бруто износи, што значи нето платата е 33 % помала).

Од друга страна, меѓу најслабо платените се работниците во кујна, чија годишна бруто плата изнесува 21.907 евра, потоа фризерите со 23.202 евра, келнери или келнерки с0 23.620, работници во кол центри со 25.200 и рецепционери, со годишна заработка од 25.370евра.Меѓу најслабо платените во Германија се и работниците во благајни, стоматолошки асистенти, негувателки и шофери.

Според податоците на порталот Гехалт, работниците во јужна Германија примаат значително повисоки плати од остатокот од земјата, а највисоки плати во 2019 се забележани во покраината Хесе.Покрај Германија, Чешка Република бележи рекордна ниска невработеност во рамките на Европската унија.

Како што пренесе агенцијата „Анадолија“, највисоки плати во оваа европска земја имаат поискусните доктори, кои годишно заработуваат околу 115.320 евра бруто. По нив се професионалните стручни лица за продажба или аквизиција со заработка од 99.635 евра, па директори на фондови со 83.640 и лекари специјалисти со 80.720 евра годишно. Меѓу најплатените се и финансиско-сметководните менаџери, како и регионалните менаџери за продажба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button