Реклама
Наши ѕвезди

За него велат дека е македонскиот Ричард Гир: Владо Јаневски е мускулест фраер, никогаш не изгледал поубаво- пејачот се промени до непрепознатливост!

По него лудуваат многу жени...

Реклама

Чаирскиот романтичар Владо Јаневски е ако виното, како старее толку е поубав.

фото инстаграм/ Владо Јаневски

Важи за еден од најголемите заводници а веќе со децении е еден од најдобрите и најпознатите пејачи во нашата земја.

Маркетинг

фото инстаграм/ Владо Јаневски

Неговиот прв албум Парче душа излегува во 1993 година и на него се наоѓаат некои од неговите песни кои и ден-денес се хитови.

Маркетинг

фото инстаграм/ Владо Јаневски

Владо својата музичка кариера ја започна во 1979 година, во бендот „Тост сендвич“, а од 1986 до 1989 година настапува со бендовите „Бон Тон“ и „Фотомодел“.

фото инстаграм/ Владо Јаневски

Во 1992 година го напушта популарниот бенд „Ластовица“ и започнува соло кариера, а истата година настапи и на Југовизија, тогашниот натпревар во рамките на Југославија за настап на Евровизија.

фото инстаграм/ Владо Јаневски

За него велат дека е македонскиот Ричард Гир и еден од оние ретки фраери по кои лудуваат девојките од сите генерации.

фото инстаграм/ Владо Јаневски

Владо изгледа неодоливо и уште е во топ форма, па за него можеме да кажеме дека годините се само бројка.

фото инстаграм/ Владо Јаневски

Тој овие денови објави неколку фотографии на кои изгледа скоцкано и со кои покажа како би требало да изгледа секој маж на негова возраст.

фото инстаграм/ Владо Јаневски

Овие фотографии би можеле да бидат одлична инспирација и за оние што сакаат да го следат стилот на еден вистински фраер.

фото фејсбук/ Владо Јаневски

Последните фотографии кои ги објави на официјалниот Фејсбук профил предизвикаа низа коментари особено од припадничките на понежниот пол.

фото фејсбук/ Владо Јаневски

Владо речиси е непрепознатлив.

Сега е вистински мускулест фраер, а коментарите се дека одлично го обликувал своето тело.

фото фејсбук/ Владо Јаневски

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button